МИА ФлешПакети

МИА Флеш

28 јануари 2022

28 јануари 2022

Скопје – Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.

Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, со цената што ја имаа на 1 декември која ќе важи до 31 јануари 2022 година. Дополнително беше донесена и одлука да биде замрзната и цената и на оризот, тестенините и јајцата. Замрзнувањето на цените важеше во трговијата на мало и на големо.

Скопје – Министерството за надворешни работи (МНР) демантира дека немало претставник од Република Северна Македонија на погребот на пејачот Аки Рахимовски, што се одржа вчера во Загреб.

-Во врска со објавените информации дека на погребот на еден од најпопуларните музичари, Аки Рахимовски вчера во Загреб немало претставник од Република Северна Македонија, би сакале да информираме дека амбасадорот на нашата држава во Загреб, Миљаим Фетаи присуствуваше на погребот, изразувајќи почит кон делото на познатиот музичар, при што положи и венец, наведува МНР.

Скопје – Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска се одложи поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера е позитивен на КОВИД-19.

Според одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев вчера направил брз антигенски тест на КОВИД-19 и кај него е детектиран вирусот, но чека решение за самоизолација.

Скопје – Сојузот на синдикати на Македонија го формираше главниот штрајкувачки одбор, а од исходот на средбата во понеделник во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.

– Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите, информира ССМ по денешниот состанок на Претседателството и Советот како највисоки тела.

Белград – На два месеци пред редовните претседателски, вонредните парламентарни и изборите за град Белград, на 3 април, политичкиот живот во Србија е посветен околу договорите за кандидадските изборни листи и изборните колации за овие избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Кај владеачките партии, Српската Напредна Странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), според медиумите се поизвесно е дека заеднички претседателски кандидат ќе биде лидерот на СНС Александар Вучиќ, кандидат за градоначелник на Белград ќе биде претседателот на општина Нов Белград и потпретседател на СНС, Александар Шапиќ, а до крајот на неделева Александар Вучиќ и лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, ќе решат дали овие две владејачки партии ќе одат со една изборна листа или, најверојатно, одделно на парламентарните избори.

Подгорица – Црногорскиот претседател и лидер на опозициската ДПС, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека се поизвесно е актуелната влада на Здравко Кривокапиќ на 4 февруари да стане минато.

Ѓукановиќ присуствуваше на седницата на Комитетот на ДПС за Подгорица, а во соопштението на партијата се наведува дека е констатирано дека партиската реформа има задоволителна динамика, но дека е исклучително важно процесот да се заврши темелно и квалитетно.

Лисабон – Парламентарните избори во Португалија в недела се неизвесни. Владејачките социјалисти се сериозно загрозени од социјалдемократите (ПСД), партијата на десниот центар и моментално водечката опозиција, покажаа денеска објавените анкети.

Изборната трка засега е прилично неизвесна, а според некои аналитичари, овие избори може дополнително да ја влошат политичката нестабилност во земјата, бидејќи се чини дека ниту партија, ниту коалиција го немаат потребното мнозинство досега, што може да доведе до создавање нестабилна влада.

Москва – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека смета дека војната во Европа е можна, но само доколку Белорусија или Русија бидат подложени на воена агресија, јави ДПА.

„Дали ќе има војна или не“? праша реторички Лукашенко за време на неговото денешно обраќање до нацијата, и самиот  одговори: „Да, ќе има. Но само во два случаи. Доколку се изврши директна агресија врз Белорусија. И второ… доколку нашиот сојузник Русија биде директно нападната“.

Белград – Новиот воен лидер на Буркина Фасо им вети на граѓаните дека ситуацијата ќе се врати во нормална уставна рамка „кога ќе има соодветни услови“.
„Кога условите ќе бидат поволни, во согласност со рокот што нашиот народ суверено ќе го одреди, се обврзувам на враќање на нормалниот уставен поредок“, рече потполковникот Пол-Анри Дамиб во своето прво обраќање по државниот удар за соборување на претседателот Рок Марк Кристијан Каборе.

Скопје – Под мото „Ја менуваме сликата на стадионите“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип.

Согласно проектот финансиран од ФФМ, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, ВИП ложа и ресторан.

Back to top button
Close
Close