МИА ФлешПакети

МИА Флеш

28 септември 2021

Радовиш, 28 септември 2021 (МИА) – Поетот Борче Панов од Радовиш, кој во последно време е еден од најпреведуваните македонски поети во светот, ја доби светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година.

– Честа е голема, бидејќи ја добивам како прворангиран поет во силна конкуренција од светски познати поети помеѓу кои се Фалеха Хасан од Ирак/САД, номинирана за Пулицерова награда, Купријанов Вјачеслав од Русија, еден од најголемите руски поети денес, Лидиа Чиарели, Мај Ван Пен од Виетнам, Ванг Гуилин од Кина и други кои се книжевни ѕвезди во нивните земји, универзитетски професори, амабасадори на мирот, амбасадори на културата, основачи и раководни лица во разни светски литературни фондации и поетски движења и асоцијации, како и промотори на модерната интернационална поезија, рече Панов.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили, најави денеска на прес-конференцијата кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска.

Со тоа решение беше презентиран еден од 15+1 проекти од нејзината програма и истото се однесува на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и советникот за политички прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, Џерек Бас.

Користењето на придобивките од дигитализацијата, усвојувањето на нови производи и процеси, му овозможуваат на приватниот сектор побрзо да одговори на потребите кои ги наметнува новата состојба. Оттаму, беше посочено на средбата, вложувањето во новите технологии, со паралелно инвестирање во човечкиот потенцијал – подобрување на квалификациите и креирање на нови вештини, се начин за враќање на економиите во позитивната зона, а потоа и на патеката на одржлив економски раст, информира Народната банка.

Штип, 28 септември 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалникот на СДСМ и коалиционите партнери за Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција пред штипската Филтер станица истакна дека проблемот со водоснабдувањето на населбите Балканска и Чардаклија е решен, а наскоро и како што рече и Македонка веќе ќе  има нова реалност. 

Тој посочи дека по приклучувањето на системот за водоснабдување ХС „Злетовица“, градот го реши проблемот со обезбедување доволни количества квалитетна вода за пиење за подолг временски период, но и за идните генерации. Но, останува да се реши дистрибуцијата на водата за пиење од филтер станицата до домовите на штипјани.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет. Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи.

– Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи. Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Истрагата трае и кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за да ги потврди или да ги отфрли наодите на овие органи, изјави Џафери по денешната средба со медиумите.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Вакцинирајте ги своите миленици. На глобално ниво, секои девет минути некој умира од беснило или годишно, битката со оваа болест ја губат 70.000 луѓе. Не е „во мода“ само да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик, порача денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски на трибината по повод 28 Септември, Светскиот ден на борба против беснило.

Под мотото „Нула смртни случаи од беснило до 2030 година“ АХВ и годинава се вклучи во глобалната кампања за одбележување на 28 Септември.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска потврди дека професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.

На денешната средба со медиумите, а потоа и во изјава, Џафери рече дека пристигнати се материјалите за Фрчковски, а кога ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за надворешни работи зависи од претседателот на Комисијата.

Струга, 28 септември 2021 (МИА) – Надминување на проблемот со нерегуларности во изборниот процес во Општина Струга било главна тема на денешната средба на кандидатот за градоначалник од Алијанса за албанците и Алтернатива, Идри Истрефи со набљудувачки тим од ОБСЕ/ОДИХР.

– Минатите изборни циклуси се соочувавме со низа нерегуларности. Се надевам сега со измените на Изборниот законик и воведување на апаратите за отпечаток на прст ќе се намалат нерегуларностите и ќе има поголема сигурност, истакна Истрефи.

Штип, 28 септември 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, Иван Јорданов денеска заедно со кандидатот за советник од населбата Ново Село, Душко Иванов преку видео прес-конференција ги презентираа проектите за една од најстарите штипски населби. Најавија доуредување и реконструкција на улиците „Кежовица“ и „Никола Карев“.

-Најстарата и најопеана населба во Штип мора да ја позиционираме онаму, каде што одамна заслужува. Ново Село поседува непроценливо богатство, затоа ќе иницираме развој на туризмот и угостителството, вели Јорданов.

Охрид, 28 септември 2021 (МИА) – Гарантираме проекти за промени, проекти за победа. Наша главна одлика се аргументите за изборните програми. Наредните денови нека бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид. Имаме план за Охрид и знаеме како градот треба да се развива наредните години, со знаење и програма во која се реално остварливи проекти, им порача денеска на охриѓани Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков на граѓаните им порача преку изборите да се одбере иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што заслужуваат, промена на постоечкиот систем на вредности, проекти за развој, за грижа, проекти што ќе го приближат Охрид до европските градови.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик.

– Имено пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со  противправна имотна корист на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал. На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари, соопштија денеска од МВР.

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Полициски службеници од ОВР Кочани денеска околу 1:30 часот во Градскиот трговски центар во Кочани го пронашле и привеле Џ. Џ. (20) од Кочани поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.

– При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, се вели во соопштението од МВР.

Скопје, 28 септември (МИА) – Кроациа Осигурување живот донираше апарат за механичка вентилација – респиратор за Клиниката за детски болести Скопје. Станува збор за модел од последните генерации со перформанси и технички спецификации кои одговараат на потребите на клиниката и нејзините пациенти.

Како што информираат од компанијата, целта на нивната компаниска општествена одговорност е зајакнување на капацитетите на здравствените установи.

Тирана, 28 септември 2021(МИА) – Полициски офицер од секторот за криминал е застрелан претпладнево во момент кога заедно со други колеги биле на работна задача во откривање на парцели со канабис.

– Инцидентот се случи во 10:30 на осторовот Лежа кога од огнено оружје е пукано врз полциска група која била во контрола на тоа подрачје, во рамки на акцијата за елиминирање на одгледувањето на наркотични растенија. Тешко е повреден полицисикот офицер Саимир Хоџа (44) кој им подлегна на повредите на пат кон регионалната болница во Лежа, се наведува во полициското соопштение.

Париз, 28 септември 2021 (МИА) – Набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“ содржи Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, што утрово во Париз го потпишаа министрите за надворешни работи и за одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Макрон и Мицотакис, на прес-конференцијата по потпишувањето ја истакнаа важноста на Договорот, како за двете земји, така и за мирот и стабилноста во поширокиот регион, а се осврнаа и на блиските и зајакнати односи меѓу двете земји.

Белград, 28 септември 2021 (МИА) – Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ изјави денеска дека војската по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ, го подигнала нивото на борбена готовност во целата копнена зона на безбедноста долж административната линија со Косово „но дека не влегла никаде каде што не треба”, јави допсиникот на МИА од Белград.

Стефановиќ за ТВ Пинк изјави дека војската е „подготвена да го брани својот народ“ и дека подигнувањето на борбената готовност и нејзиното присуство на административната линија со Косово е „првенствено превентивен механизам“.

Тирана, 28 септемри 2021 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку објава на Твитер го изрази своето задоволство што ја започнала балканската турнеја токму од Албанија.

Преку објавата по средбата со премиерот Еди Рама, таа истакна дека нејзината порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ.

Берлин, 28 септември 2021 (МИА) – Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) регистрираа проблеми на изборите во Берлин, изјави шефицата на набљудувачката мисија Лолита Чигане.

Таа додаде дека од поединечни случаи на избирачките места не може да се донесе заклучок за изборите во Германија, бидејќи не биле набљудувани сите избирачки места.

Брисел, 28 септември 2021 (МИА) – Министерот за здравство на Белгија, Франк Ванденбрук, изјави дека сака до крајот на оваа година да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници, јави дописничката на МИА од Брисел.

За министерот неопходно е медицинскиот персонал кој е во постојан контакт со болни лица да биде имунизиран.

Стразбур, 28 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рик Даемс пред парламентаците од 47 земји членки на Советот на Европа, зборуваше за појавата на нова генерација на права, како што се правото да се знае вистината, правото на приватност, правото на еднаквост, повикувајќи го ПССЕ да ги разгледа овие исклучително важни прашања на сеопфатен и тематски начин, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Тој потсети дека Собранието е „пионер во покренување актуелни прашања кои веројатно ќе имаат сериозни последици врз основните права на граѓаните и во формулирање предлози како ефективно да се справат со нив.

Хаг, 28 септември 2021 (МИА) – Меѓународниот кривичен суд во Хаг нема да ги испитува наводните злосторства извршени од американската војска во Авганистан, изјави новиот главен обвинител Карим Хан.

Тој додаде дека истрагата треба да се фокусира на акциите на борците од радикалното движење Талибан и терористичката група Исламска држава.

Њујорк, 28 септември 2021 (МИА) – Високи американски сенатори повикуваат на „целосна одговорност“ во врска со спорот за фалсификувани податоци на Светска банка (СБ), во кој е вклучена Кристалина Георгиева, директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Сенатот на САД, демократот Роберт Менендез и Џејмс Рич, највисоко поставениот републиканец во Комисијата, испратија писмо до претседателот Џо Бајден. Тие го повикуваат да му нареди на Министерството за финансии на САД да „обезбеди целосна одговорност“ со потребната трудољубивост и брзина.

Сан Франциско, 29 септември 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон изјави дека ќе пропушти најмалку еден месец од НБА сезоната 2021/22.

– Точниот датум на моето враќање не е одреден, но не очекувајте да пропуштам помалку од 12 месеци, што значи дека ќе отсуствувам барем до крајот на ноември или почетокот на декември, информира Томпсон.

 

Back to top button
Close
Close