МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 септември 2021

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Со изведување материјални докази од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство.

Дел од доказите кои беа презентирани беа документи на англиски јазик и нивни преводи на македонски, а се однесуваа на основањето на фирмата Сирах лимитед, потврди за сопственост на акции, како и известувања од повеќе банки.

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски.

Право на откуп ќе имаат оние лица кои имаат решение за користење на станот, а се државјани на Северна Македонија, лица кои се или биле вработени во Министерството за одбрана и во Армијата најмалку десет години или се стекнале со право на пензија, како и лица од семејства во кои сопственикот е починат, но имаат документ за користење на станот.

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Дезинформациите и лажните вести претставуваат закана за глобалниот свет и за демократијата во светот. Тоа особено стана видливо во пандемијата со Ковид-19, кога лажните вести предизвикаа и загрозување на здравјето на луѓето. Медиумската писменост бара системски напори, особено во регионот на Западен Балкан, каде отпорноста на лажни вести е послаба.

Ова денеска заеднички го заклучија високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и евроамбасадорот во земјава, во нивните обраќања на „Конференцијата за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан: Справување со дезинформациите“, што се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Делегацијата на ЕУ во земјава и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Ресен, 27 септември 2021 (МИА) – Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

По почетокот на бербата на Преспанското јаболко, денеска во Ресен, Хоџа посочи дека набрзо ќе биде потпишан договор со Украина, кој ќе отвори нов пазар значаен за регионот, не само за јаболката, туку и за останатите земјоделски производи.

– Се отвора нов пазар. Ги завршивме преговорите со Украина и јаболкото во оваа земја ќе се пласира со нула посто царина. Останува само техничкиот дел на потпишување на договорите, кој заради пандемијата неможеше да се реализира. Но тоа ќе биде набрзо и е значајно за овој регион не само за јаболката, туку и за другите производи, рече Хоџа.

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“ се одбива како неосновано. Ова е решението донесено од Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, се вели во писмениот допис од ОЈО до Судот.

Според бранителот на Камчев, адвокатот Еленко Миланов, ова барање за изземање го поднеле врз основа на поднесена кривична пријава во однос на застапникот на обвинението. Пријавата се однесува на постоење на основано сомнение за кривично дело несовесно работење во службата како и поднесување лажни докази.

Куманово, 27 септември 2021 (МИА) – Повозрасна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за сума од 2.300 евра, соопшти денеска СВР Куманово.

Шеесет и седумгодишната жителка од кумановско село пријавила дека му платила пари на лице кое ѝ ветило дека ќе издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син кој се лекувал на психијатрија.

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Од денеска доцна попладне до четврток подрачјето на земјава ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно и значително посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти УХМР.

На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2).

Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Белград, 27 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ги прими амбасадорите на земјите членки на Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, кои побараа дескалација на кризата во северно Косово и Метохија,јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од прес службата на српскиот претседател „во оваа прилика, претседателот Вучиќ ја објасни позицијата на Србија“.

Брисел, 27 септември 2021 (МИА) – Европскиот Парламент ги презентираше кандидатите за овогодишната награда Сахаров која секоја година се доделува за слобода на мислење, јави дописничката на МИА од Брисел.

Номинирани оваа година се авганистанските жени, рускиот опозиционер Алексеј Навални, поранешната претседателка на Боливија, Жанин Ањез, и активистката Султана Каја од Западна Сахара која се наоѓа во домашен притвор.

Берлин, 27 септември 2021 (МИА) –  Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, денеска, по седницата на Главниот одбор на партијата, посочи дека ниту една партија од вчера одржаните парламентарни избори не добила јасен мандат за формирање влада.

-Ни ние не добивме, рече тој.

Лашет ја изрази желбата на ЦДУ да разговара со Зелените и ФДП, со цел да го сондира мислењето за формирање заедничка влада.

Москва, 27 септември 2021 (МИА) – Официјален Кремљ денеска објави дека се надева на „континуитет“ во односите со Берлин, еден ден по изборите одржани во Германија.

– Се разбира, ние сметаме на континуитет во билатералните односи и во наш интерес е тој однос да продолжи и натаму да се развива, изјави портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков.

Тој, исто така, рече дека со големо внимание го следи изборниот процес во Германија и посочи дека двете земји, иако ниту Москва ниту Берлин не беа поштедени една од меѓусебните разлики, сфатија „дека проблемите можат и мора да се решаваат само преку дијалог“.

Киев, 27 септември 2021 (МИА) – Украина денеска експресно одговори на пораката од Кремљ дека проширувањето на НАТО кон Украина ќе претставува преминување на црвената линија за Русија, наведувајќи дека самиот Киев одлучува за безбедносните прашања и дека руската црвена линија е на руската страна на границата, а не украинската.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, реагираше на Твитер откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков предупреди дека ставот на Владимир Путин е дека воведувањето воена инфраструктура во Украина за Москва ќе значи преминување на црвената линија, пренесопа британските медиуми.

Москва, 27 септември 2021 (МИА) –  Рускиот претседател Владимир Путин денеска му соопштил на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Претседателот Путин претходно кажа дека тоа е крајната црвена линија, рече Песков, пренесе Тасс.

Белорускиот претседател претходно посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.

Лисабон, 27 септември 2021 (МИА) – Владејачките социјалисти во Португалија претрпеа изненадувачки пораз на локалните избори во неделата, губејќи во Лисабон по 14 години, иако остануваат најголемата партија во земјата по изборите во кои беа вклучени повеќе од 300 градски совети.
Карлос Моедас, поранешен европски комесар за развој, наука и иновации од главната опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), победи во Лисабон со разлика од само еден процентен поен, обезбедувајќи 34,25 проценти за неговата десноцентристичка партиска алијанса со конзервативната ЦДС-ПП.

Сана, 27 септември 2021 (МИА) – Јеменски воени и медицински извори потврдија дека 67 бунтовници и припадници на провладините сили загинаа во борбите за градот Мариб во истоимената провинција.

Помеѓу загинатите 58 се бунтовници, а деветмина се припадници на јеменската армија.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши десетици воздушни напади врз позициите на бунтовниците Хути, кои имаат поддршка од Иран.

Париз, 27 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити.

Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревари во Париз поради повреда на коленото.

– Според информациите од таборот на парискиот клуб, Меси ќе биде на списокот за натпреварот против Сити, објави новинарот на „ТНТ Спортс“, Марсело Бехлер.

 

Back to top button
Close
Close