МИА ФлешПакети

МИА Флеш

24 септември 2021

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ ќе се одржи на 26 септември (недела) во Градскиот парк кај Школка во Скопје, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 градови. Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think PinkEurope“.

-Изминатава година и половина, Ковид-19 пандемијата предизвика сериозни застои кај третманот на сите останати болести. Сега, можеби повеќе од било кога потребна е нашата поддршка за сите оние кои се соочуваат со ракот на дојка. Нашата цел е да испратиме порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите во време на корона вирусот како основен предуслов за победа над оваа болест, информираат од Здружението.

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – ДИК вечер на јавна седница се очекува да го заклучи избирачкиот список за локалните избори закажани на 17 октомври. Избирачкиот список и изводите од него ДИК треба да ги потпише најдоцна до 1 октомври. Како што информираат од ДИК, на вечерашната седница исто така треба да се утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Политичките партии и учесниците на изборите се пред завршување на своите подготовки за почетокот на изборната кампања за Локалните избори која започнува во понеделник на 27 септември, а треба да заврши на 15 октомври

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – Државата треба да има слух за младите ако сакаме да продолжиме да функционираме. Односно со нивните свежи, прогресивни и нови идеи, младите ќе придонесат кон утрешното функционирање на државата, изјави Јовица Јанковиќ, претставник од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), непосредно пред почетокот на денешната панел-дискусија организирана од Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) и ИДУЕП.

Панел дискусијата на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“ е заедничка иницијатива на ССРСМ и ИДУЕП насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“ која има за цел да вклучи широк фронт на индивидуи и организации со цел дебата и заедничко изнаоѓање на најдобриот модел за реформа и подобрување на моменталниот начин на средношколско организирање во училиштата, како и на национално ниво.

Прилеп, 24 септември 2021 (МИА) – Во Небрегово, родното место на Блаже Конески, се одржа централното чествување по повод 100-годишнината од неговото раѓање и 20-годишнината од фондацијата за македонски јазик „Небрегово“.

Според Атанас Конески, секретар на фондацијата, посебна е честа што во годината на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Конески, е и јубилејот – 20 години од Фондацијата.

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, соопшти на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од ДЗС.

Таа образложи дека тоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт.

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – Во организација на Собранието на Република Унгарија, денеска се одржа Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа посветен на проширувањето. На состанокот учествуваа претседателите на парламентите на земјите од Југоисточна Европа и на земјите од Вишеградската група.

На Конференцијата излагања имаа премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеј и претседателот на Собранието на Унгарија, Ласло Ковер.

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „проневера во служба“, Управата за финансиска полиција во периодот од март до август годинава извршила проверки во вкупно 75 правни субјекти, регистрирани за вршење дејност „технички преглед на секаков тип моторни возила“, кои средствата наплатени по основ на комунална, еколошка и патна такса, не ги уплаќале на сметка на државните институции, организации и здруженија, информираше денеска директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Од извршените проверки и контроли констатирано е дека одговорните лица, во правните субјекти за вршење технички преглед, не ги уплаќале законските обврски за наплата во име и на сметка на државните институции, организации и здруженија, по основ на комунална, еколошка и патна такса, надоместок за Црвен крст, како и надоместок кон Буџетот на државата.

Скопје, 24 септември 2021 (МИА) – Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домакинства и над 600.000 станови. До денеска заклучно до 12:00 часот се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората, информираше на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа.

Тој од името на Владата се заблагодари до сите граѓани кои веќе ја исполниле таа граѓанска должност и апелираше до остантите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани да го сторат истото.

Белград, 24 септември 2021 (МИА) – Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, изјави денес дека се очекува седница на Кризниот штаб, како што најави премиерката Ана Брнабиќ, во следните неколку дена и дека на неа ќе се донесе конечна одлука за ковид пропусниците, за кои се е подготвено, јави дописникот на МИА од Белград.

-Јас не сум личност што би можела да ви даде конкретен одговор кога ќе се одржи седницата на Кризниот штаб, сите очекуваме тоа да биде во следните неколку дена. Се е подготвено што се однесува до ковид пропусниците, ја чекаме конечната одлука, да се види кој се во игра – дали се тоа само ноќните клубови, ресторани, кафулињата. Знаеме дека прехранбените објекти не се во игра, затоа што сакаме да ги почитуваме сите уставни форми и да не ги кршиме правата на нашите граѓани, а од друга страна да го запреме ширењето на инфекцијата и да не ги дискриминираме луѓето по која било основа, изјави Ѓerерлек на отворањето на Националниот центар за комуникации во Институтот за јавно здравје „Д -р Милан Јовановиќ Батут“.

Белград, 24 септември 2021 (МИА) – Во Србија бројот на смртни случаи во првите осум месеци од 2021 година е поголем за дури 15.124 во однос на десетгодишниот просечен број на смртни случаи во периодот јануари-август, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците објавени од РЗС, од почетокот на годината, заклучно со последниот ден од август, во Србија починале 82.681 лице. Во споредба со истиот период минатата година, кога бројот на смртни случаи беше 70.322, забележан е раст од 12.359 или 17,6 отсто, соопшти Н1.

Москва, 24 септември 2021 (МИА) – Руската Централна изборна комисија (ЦЕЦ) денеска ги потврди резултатите од гласањето за Државната дума на изборите одржани од 17 до 19 септември, според кои Единствена Русија, чиј член е претседателот Владимир Путин, освои најмногу места – 324.

– Конечните извештаи на изборната комисија, кои се однесуваат на Државната дума, чесно го покажуваат исходот од гласањето. Резултатите се валидни, изјави директорката на ЦЕЦ, Ела Памфилова.

Виена, 24 септември 2021 (МИА) – ЦИА наводно сменила шеф на оддел во Виена, бидејќи не реагирал соодветно на почетокот на мистериозниот Хавански синдром.

Десетици членови на американскиот персонал во австрискиот главен град и нивните деца пријавиле симптоми на синдромот, пишува „Вашингтон пост“.

Париз, 24 септември 2021 (МИА) – Номинираните фудбалери во машка и женска конкуренција за наградата „Златна топа“ на реномираното списание „Франс фудбал“ ќе бидат објавени на 8 октомври.

На истиот датум ќе бидат соопштени и играчите, кои ќе влезат во конкуренција за освојување на наградите „Јашин“, за најдобар голман, и „Копа“, за најдобар млад фудбалер.

Сочи, 24 септември 2021 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, беше најбрз на денешниот прв слободен тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Русија на патеката во Сочи.

Финецот оствари резултат од 1:34, 427 минути, што беше за 0,211 секунди побрзо од клупскиот колега и актуелен светски првак Луис Хамилтон.

 

 

Back to top button
Close
Close