МИА ФлешПакети

МИА Флеш

3 декември 2021

3 декември 2021 

Скопје – Насилниот екстремизам претставува најексплоатираната база за терористичко делување. Затоа од огромна важност е воочување на потребите и причините што можат да доведат до оваа појава, бидејќи ваквите состојби претставуваат закана за просперитетот, владеењето на правото, развојот на модерното општество и севкупната регионална стабилност. Предизвиците со коишто Министерството за внатрешни работи се соочува, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат се покомплексни и наложуваат продлабочување на меѓународна соработка помеѓу земјите од регионот, но и пошироко, особено во делот на меѓународната правна помош.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето видео-обраќање на денешната меѓународна конференција на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“, организирана од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, заедно со Корот на карабинерите, како дел од активностите за имплементација на твининг проектот на Европската Унија, којшто се однесува на зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризам.

Скопје – На граничниот премин Прешево директорите на царинските управи на Република Северна Македонија и на Република Србија, Славица Кутиров и Бранко Радујко денеска  потпишаа Протокол за заемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).

Потпишувањето на Протоколот произлезе од заклучоците на министерскиот состанок што се одржа  на 13-14 ноември во Ниш во рамки на иницијативата Отворен Балкан и со него се опфатени 34 компании од Република Србија и 21 компанија од Република Северна Македонија.

Скопје – Во последните 24 часа регистрирани се нови 342 случаи на КОВИД-19, од направени 2.349 тестирања. Оздравени се 348 пациенти, а починале 7 лица, информира  Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Скопје се 135, Битола 35, Велес 17, Прилеп, Кавадарци и Берово 16, Охрид 15, Куманово 13, Струмица 10, Штип 9, Кочани и Гевгелија по 8, Свети Николе и Ресен по 6, Радовиш и Валандово по 5, Делчево 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран по 1.

Скопје – Со својата стручност, желба и мотивација волонтерите претставуваат незаменлив сегмент од севкупните општествени напори во обезбедување на најразлични услуги и сервиси за многу категории на луѓе изложени на најразлични ризици. Затоа, неопходно е да се воспостави волонтерски систем, преку кој секогаш ќе бидеме подготвени да се справиме со разни видови на здравстени и социјални предизвици и катастрофи, посочи генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.

Тој денеска во своето обраќање по повод одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември, напомена дека волонтерството е суштински елемент на граѓанското општество. Како што рече, нашите заедници зависат и се потпираат на напорите на волонтерите, кои даваат сеопфатен придонес за општествениот развој.

Скопје – На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град, најави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Како што соопшти Град Скопје, на повикот на градоначалничката Арсовска до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

Белград – Партиите на власта во Србија на републичко ниво, меѓу партиски определените граѓани, имаат поддршка од околу 55 отсто од гласачите, додека околу 45 отсто од гласачите се за опозицијата. Во Белград опозицијата има 54 отсто поддршка, додека 46 отсто се за коалицијата околу владеачката Српската напредна партија (СНС), јави дописникот на МИА од Белград.

Презентирајќи го истражувањето на Демостат, социологот Среќко Михајловиќ изјави денеска дека, гледано поединечно, со околу 55 отсто поддршка на државно ниво, најсилна е коалицијата околу Српската напредна партија.

Хаг – Холандската полиција денеска уапси околу 50 демонстранти, кои го пробија обезбедувањето и упаднаа во зградата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) во Хаг.

„Сите учесници на протестот кои упаднаа во просториите, околу 50, се задржани во притвор“, изјави портпаролот на хашката полиција.

Минск – Белорусија соопшти дека ќе возврати откако САД и нивните сојузници воведоа санкции за десетина физички и правни лица и се пожали дека нејзината економија се соочува со надворешен притисок без преседан.

„Повеќе пати кажавме дека сите непријателски антибелоруски чекори ќе бидат придружени со соодветни мерки за одговор“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Белорусија.

Москва – Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон.

Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку дена, пренесува ТАСС.

Белград – Легендарниот фудбалер на српскиот фудбалски клуб Партизан од времето на поранешна Југославија, Момчило Вукотиќ почина на 72-годишна возраст од рак на грлото, соопшти денеска белградскиот клуб.

– Беше еден од најголемите и така засекогаш ќе остане. Легендите никогаш не нè напуштаат, остануваат да живеат во нашите срца, гордо и со љубов која ја пренесуваме од генерација на генерација. Вечна ти слава. Твојот Партизан, објави клубот по повод смртта на Вукотиќ.

Back to top button
Close
Close