МИА ФлешПакети

МИА Флеш

3 декември 2021

3 декември 2021

Скопје – Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром.

Почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Скопје – На плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Посмртните останки на загинатите пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ со два воено-транспортни авиона од Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

Скопје – Апелираме што поскоро Европската Унија да донесе одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и да ги почнеме преговорите час поскоро за да можеме да дадеме и подобри резултати и поефикасни реформи во брз рок, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда ЕУ- Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Република Словенија.

Според Маричиќ, настанот во овој формат, каде што работат заедно министрите за правда и внатрешни работи од Западен Балкан и претставниците на Европска Унија, е вистински начин како да се отворат важни прашања и како да се размени искуство меѓу овие два фактори и како полесно да правиме планови за брзи реформи.

Скопје – Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд кои се однесуваат на два предмета, а со кои се опфатени тројца судии, и нема податок дали се укинати само одлуките за разрешување на судиите или се укинати и решенијата за суспензија, изјави денеска порптаролот на Судскиот совет Љубиша Арсиќ.

Арсиќ, во соопштение до медиумите, напоменува дека откако ќе пристигнат одлуките на Врховниот суд, согласно законот, постапките за судиите ќе бидат повторени.

Скопје – Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата Тина Петрушевска и за в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка“ го назначи Воислав Димитровски.

Како што соошшти Град Скопје, Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување систем за контрола на популацијата на кучиња.

Скопје – Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски оствари средба со  в.д. амбасадорот на Украина, Наталиа Задорожнику, Витали Загајниј, заменик на началникот на Лавовската обласна државна управа и претставници на секторот туризам и меѓународна соработка од истата област.

На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња.

Скопје – Бизнис-конфедерација на Македонија (БКМ), започна со дигитализација на своето работење преку основање на Центарот за бизнис поддршка на компаниите, што придонесува кон зголемување на достапноста на услугите на конфедерацијата.

Платформата Центар за бизнис поддршка, достапна преку веб страницата на БКМ, нуди советување и едукација од областа на трудовата легислатива, менаџмент со човечките ресурси и менаџмент на бизнисот, и овие услуги се сега достапни 24 часа во текот на секој ден.

Сараево – Во Босна и Херцеговина се уште се трага по повеќе од 7.600 исчезнати лица и морална обврска на сите е да се направи се со цел решавање на проблемот, без разлика дали како поединци, претставници на академската заедница, владини или невладини организации или верски лидери. Тоа беше нагласено во Сараево на конференција посветена на темата за исчезнатите лица и предизвиците со кои се соочуваат нивните семејства.

На тридневниот собир организиран од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) беше истакнато дека е потребно поголемо вклучување на различни актери во давање поддршка на семејствата на исчезнатите, од социјални работници, психолози, психотерапевти.

Виена –  Карл Нехамер (49) ќе биде нов австриски канцелар и шеф на конзервативната Австриска народна партија, одлучи партијата.

Според Нехамер, ова едногласно деенска го одлучила партиските највисоки тела.

Чикаго – Ноќевање во куќата од филмот „Сам дома“ во гратчето Винетка, близу Чикаго, Илиноис, САД, ќе им овозможи на четворица среќници, да ги доживеат своите омилени сцени од празничната класика од 1990 година за 2.500 долари, заедно со даноци и други давачки, преку „Ер-БНБ“.

Еднодневниот престој во филмската семејна куќа од „Сам дома“ ќе биде достапен од вторник. Домот е уреден налик оној во филмот што го прослави ликот на Кевин Мекалистер во изведба на Меколи Калкин. Понудата, според „Глас Истре“, е еднократна.

Киев – Украина ги отфрла сите напори да биде натерана да се откаже од плановите за приклучување кон НАТО, како и секоја „гаранција“ што ја бара Русија за да се намалат тензиите на границата, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој на маргините на состанокот на ОБСЕ во Стокхолм истакна дека  таквото ветување „не е опција“, и ги повика САД и нивните сојузници да ги отфрлат барањата на Москва.

Пекинг – Ако сакате да ја разберете денешна Кина, мора да ја разберете Комунистичката партија на Кина, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција „Разбирање на Кина“ (Гуангжу) 2021 година.

Си, во видеообраќање од Пекинг, истакна дека во текот на изминатите сто години од нејзиното формирање, Комунистичка партија го обединила и го водела кинескиот народ во нејзините непрекинати борби, кои, според него, суштински ја промениле иднината и судбината на кинескиот народ.

Рио де Жaнеиро – Со триумфот на гостински терен над Бахиа од 3:2, фудбалерите на Атлетико Минеиро на две кола пред крајот на првенството ја обезбедија првата шампионска титула во Бразил по повеќе од половина век.

Атлетико Минеиро сега има 81 бодови, 11 повеќе од бранителот на трофејот Фламенго, кој има одиграно натпревар помалку.

Манчестер – Постигнувајќи два гола во победата на Манчестер јунајтед во премиерлигашкото дерби против Арсенал (3-2), португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (36) дојде до неверојатна бројка од 801 голови на официјалните натпревари што во најсилните лиги во светот претходно не му успеало на никој друг.

Иако не постои унифицирана база на податоци за утврдување, кој е најдобриот стрелец на сите времиња, поголемиот број медиуми во светот се согласни дека Роналдо е првиот голгетер кому тоа му успеало.

Скопје – Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Back to top button
Close
Close