МИА ФлешПакети

МИА Флеш

23 септември 2021

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Потребни се планови за антикорупциски мерки за јавни набавки, испитување на интегритетот и независноста на менаџментот во институциите кои се надлежни за јавните набавки и вештини на човечките ресурси кои работат на тоа поле, како во однос на постапките, така и во делот на планирањето на јавните набавки, беше заклучено на денешната конференција која се одржа како завршен настан на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ што го спроведуваше Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Холандија.

Проектот беше насочен кон градење на капацитети за борбата против корупција на 40 претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Mobility Programme).

– Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високообразовни институции и истражувачки организации, за академската 2021/2022 година, објави Министерството за образование и наука на својата веб-страница.

Штип, 23 септември 2021 (МИА) – Делницата на експресниот пат Штип-Радовиш од клучката кај рудникот Бучим до влезот на Радовиш комплетно ќе се изгради за неколку денови, односно до почетокот на октомври, најавија денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејупи Рустеми, кои извршија увид во градежните работи на овој експресен пат од клучката кај штипската приградска населба Три Чешми до мостотот на реката Брегалница и од клучката кај Бучим до влезот на Радовиш.

-Должината на двете делници изнесува 17 километри, а вкупната инвестиција е 15 милиони евра. Досега реализацијата на терен изнесува 65 проценти. Интензитетот на градежните работи се одвива со силна динамика, задоволни сме како се работи на терен и според укажувањето на изведувачот и надзорот експресниот пат може да се комплетира и пред договорениот рок април 2022, рече Бочварски.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Државната изборна комисија денеска ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегло од новите измени на Изборниот законик.

– Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на одржување на изборите, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Со денешната средба со лидерите на коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“, Зијадин Села и Африм Гаши, Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) ги почна традиционалните средби кои ги одржува во пресрет на какви било избори, со претседателите на политичките партии што ќе учествуваат на овие локални избори.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа истакна дека на овие средби ќе ја претставуваат Платформата за економски развој на локално ниво, но исто така ќе сакат да слушнат од кандидати за градоначалници за она за што се залагаат, а тие како бизнис сектор да излезат во пресрет на реализирање на истите цели, но и бараат одгоорност од нив да го исполнат ветеното.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, се наближува кон крајот. Остануваат уште осум дена и попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан, информираат од Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика апелира до граѓаните за трпеливост, посочувајќи дека попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – „Адора инженеринг“ по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи топланите „Исток“ и „Запад“ и најголемиот дел од останатиот имот на „Топлификација“ АД, која е во стечај.

Како што соопшти компанијата, со оваа купопродажба успешно завршува стечајната постапка и се отвара ново поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска соопшти дека Владата не може да води никакви истраги за тоа дали има корупција при јавните набавки за модуларните болници, бидејќи за тоа се задолжени институциите на системот – обвинителствата, судовите и сите оние органи кои, како што рече, ги охрабрува да си ја работат својата работа.

– Никаде не сме кажале дека ќе водиме истраги, заради тоа што ниту имаме ингеренции, ниту законски можности да правиме какви било истраги. Јас лично имам мандат со мандатно писмо од претседателот на Владата да се фокусирам токму на ова што го зборуваме и ние немаме никакви други ингеренции. Да ја зголемуваме транспарентноста, отчетноста, да воведуваме механизми за борба против корупцијата, да воведуваме системски мерки, како што е овој нов портал со кој сите денеска се гордееме што го воведуваме и да воведуваме законски решенија, механизми и политики преку кои ќе ја елиминираме корупцијата на сите нивоа, изјави Николовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше промовиран новиот „Електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација“.

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села прашан за став околу барањето за анкетна комисија за трагедијата во тетовската модуларна болница, истакна дека стојат зад секаква комисија која ќе работи за да излезе вистината на виделина и да има одговорност.

– Треба да има законска одговорност за сите тие кои беа одговорни. За жал, откога се случија овие многу тешки немили настани, јас не гледам дека обвинителството работи да повика некого на одговорност. Не треба некои експерти од странство да ни дојдат за да се гледа дека таму биле луѓе кои не требало со закон да бидат присутни. Според тоа, обвинителството за тоа треба да се занимава со директорот на болницата и низа други пропусти кои се случија. Како на пример 11 години господинот Бесими бил вршител на должност. Не знам какви други докази им требаат за да почне одговорност за овој човек, а да продолжи и со министерот и така натаму, рече Села на денешната прес-конференција пред состанокот со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Атина, 23 септември 2021 (МИА) – Досега 6,4 милиони Грци над 12-годишна возраст одбраа да се вакцинираат и ова значи дека двајца од тројца Грци над 12 години се вакцинирани, а ако ги вклучиме и оние кои стекнале имунитет откако прележале, тогаш тројца од четворица наши сограѓани имаат антитела, изјави портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој посочи дека, ако ситуацијата се погледне обратно, без малолетните лица,тогаш само 15 отсто од возрасната популација нема антитела.

Брисел, 23 септември 2021 (МИА) – Еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон негираше дека предлогот за воведување единствен полнач за сите електронски направи е поврзан со Епл, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија денеска предложи да се измени законодавството во ЕУ за да се овозможи еден единствен полнач со УСБ-Ц на сите електронски направи за да се олесни употребата за потрошувачите, но и за да се намали електронскиот отпад.

Брисел, 23 септември 2021 (МИА) – Европската Комисија денеска поднесе измени на законодавството кое ќе овозможи да се воведе единствен полнач за електронски направи со цел да се намали електронскиот отпад, јави дописничката на МИА од Брисел.

Предлог законот треба да овозможи да се заштедат 250 милиони евра годишно, рече денеска еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Кабул, 23 септември 2021 (МИА) – Условите под кои меѓународната заедница е подготвена да ја признае новата авганистанска влада не се прифатливи за радикалното талибанско движење, изјави заменик министерот за информации и култура Забихула Муџахид.

– Условите за признавање на нашата влада, предложени од меѓународната заедница, се неприфатливи и го кршат меѓународното право, истакна Муџахид.

Њујорк, 23 септември 2021 (МИА) – Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет предупреди за сериозно кршење на човековите права под воена власт во Мјанмар и ја повика меѓународната заедница да стори повеќе за да спречи ескалација на конфликтот, објави „А Њуз“.

– Националните последици се ужасни и трагични – регионалните последици исто така можат да бидат длабоки, истакна Бачелет.

Минхен, 23 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, го пофали настапот на неговиот тим на почетокот на сезоната 2021/22.

– Импресиониран сум од нашиот почеток, желбата и карактерот на тимот. Како и да е, сè уште имаме огромен неискористен потенцијал, мислам дека ќе станеме уште подобри. Го очекувам ова, изјави Нагелсман.

Back to top button
Close
Close