МИА ФлешПакети

МИА Флеш

1 декември 2021

1 декември 2021

Скопје – Во Клубот на пратениците во Скопје за денеска во 14 часот е закажана нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Одржувањето на средбата го потврдија и од Владата и од Алтернатива.

Скопје – За надминување на застојот во процесот на проширување, регионот треба да испрати јасна порака поткрепена со конкретни дела, порача вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на регионалната конференција посветена на европската иднина на регионот „Западен Балкан: Иднината на Европа е наша заедничка агенда“.

Димитров, кој на конференцијата учестува на покана на Владата на Црна Гора, нагласи дека колку повеќе зборуваме во еден глас, толку погласно ќе одекне нашата порака и подалеку ќе се слушне.

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска или утре треба да завршат ДНК-анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија, по што, како што рече, ќе се организира транспортот на нивните тела во земјава.

-Интензивно се работи да се завршат ДНК-анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод Светскиот ден на СИДА.

Скопје – Иднината им припаѓа на стартапите, вака директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров денеска ја најави проектираната финансиска поддршка за 2022 година, но се осврна и на реализираните повици и средства во 2021-ва.

Она што е сега историска поддршка, рече Петров на прес-конференција, следната година ќе биде практика на Фондот за иновации.

Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека е прифатена иницијативата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странските инвеститори за намалување на царинските стапки за производи (компоненти) потребни за производство на технолошки напредни производи.

По иницијатива на Асоцијацијата, се бараше изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската унија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, со времетраење до 30 јуни 2022 година.

Скопје – Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година во областа на воспитанието и образованието му се доделува на универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик  Газанфер Бајрам. Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во  Собранието на Република Северна Македонија.

Скопје – Поранешната пратеничка и експотпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата.

– Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.

Скопје – Најновата претстава на Македонски народен театар (МНТ) насловена „Торонто експрес“ ќе ја доживее својата праизведба на 15 декември. Претставата е работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф и е во режија на Јордан Симонов.

Главниот лик е доверен на маестралниот Александар Микиќ.

Скопје – Со вечерашната изведба на претставата „Глембаеви“ на Прилепскиот театар, во режија на Бранко Брезовец, заврши првиот блок на претстави на 46. издание на Млад отворен театар. Од утре продолжува вториот блок фокусиран на независните театарски продукции.

Претходно, претставата се одржуваше на театарските сцени во Ријека и Загреб. Според Бреговец, сите три претстави се сосема различни.

Москва – Русија денеска објави дека започнала редовни зимски воени вежби во нејзиниот Јужен воен округ, што делумно се граничи со Украина.

Според руското Министерство за одбрана, околу 10.000 војници се прераспоредени во областа на маневрите, кои ќе го опфатат и анектираниот Крим и териториите долж отцепените „народни републики“ во источна Украина.

Вашингтон – Директорот на финансиско-технолошкиот сектор на Фејсбук, Дејвид Маркус соопшти дека кон крајот на годината ќе ја напушти компанијата и ќе почне да работи на нов проект.

Маркус во Фејсбук е задолжен за развивање на криптовалутатат позната како дием и апликацијата за дигитален паричник Њу (New).

Белград – Фондацијата „Славко Чурувија“ соопшти дека за утре во 14.30 часот е закажано изрекување нова првостепена пресуда за четворицата поранешни членови на Секторот за државна безбедност обвинети за убиството на новинарот и издавач Славко Чурувија.

Првата пресуда од април 2019 година Апелациониот суд ја укина, јави Бета.

Тирана – Албанските граѓани помлади од 19 години добиле најголем број од дозволите за престој што ги издаваат земјите-членки на Европската Унија, за државјани кои не се членки на ЕУ, а рекордот го држат деца помали од 4 години.

Според податоците на Евростат во 2020 година се издадени вкупно 19,5 илјади дозволи за престој од семејни причини за албански државјани, во една од земјите на ЕУ.

Виена – Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт, по повод продолжувањето на учеството на австриските војници и полицајци во меѓународните мисии, оцени дека безбедносната состојба на Балканот е кревка.

На прашањето на пратеникот на НЕОС Хелмут Брандштетер за безбедносната ситуација на Балканот, Линхарт нагласи дека е важно да се води грижа за стабилноста, безбедноста и благосостојбата, „бидејќи негативните последици може да имаат последици за Австрија“. Во Косово, вели тој, често се појавуваат тензии, но веќе, со посредство на ЕУ, почнаа да се решаваат конфликтите.

Киев – На Украина и требаат директни разговори со Русија за да се стави крај на војната во источниот регион Донбас против силите поддржани од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој се обрати пред Парламентот откако Украина го повика НАТО да подготви економски санкции против Русија и да ја зајакне воената соработка со Киев со цел да ја одврати Москва од нов напад.

Москва – Русија денеска објави дека започнала редовни зимски воени вежби во нејзиниот Јужен воен округ, што делумно се граничи со Украина.

Според руското Министерство за одбрана, околу 10.000 војници се прераспоредени во областа на маневрите, кои ќе го опфатат и анектираниот Крим и териториите долж отцепените „народни републики“ во источна Украина.

Вашингтон – Директорот на финансиско-технолошкиот сектор на Фејсбук, Дејвид Маркус соопшти дека кон крајот на годината ќе ја напушти компанијата и ќе почне да работи на нов проект.

Маркус во Фејсбук е задолжен за развивање на криптовалутатат позната како дием и апликацијата за дигитален паричник Њу (New).

Женева – Земјите-членки на Светската здравствена организација денеска се согласија да почнат со работа на градење нов меѓународен договор кој одредува како да се справат со следна глобална пандемија.

Државите усвоија резолуција на специјален состанок во Женева.

Куманово – Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово соопшти дека причината за напуштање на регионалната БИБЛ лига е „тенденциозно судење“, а не наводно неподмирени финансиски обврски кон натпреварувањето.

– Демантираме дека КК Куманово во изминатиот период откако настапува во БИБЛ лигата има каква било обврска по основ на неизмирени долгови спрема оваа натпреварување, неисплатени обврски по основ на хотелско сместување или транспорт или пак неизмирени долгови по основ на судиска или делегатска такса. Лигата ја напуштивме пред сè поради тенденциозното судење и некоректно однесување на одредени поединци, соопшти управата на Куманово.

Лисабон – Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, изрази задоволство од освоениот бод (27:27) на гостувањето кај Спортинг во Лисабон во рамки на групната фаза во Лига Европа, иако битолскиот клуб во текот на целиот натпревар имаше константно водство, кое го испушти во самиот финиш.

– Беше многу важно да не загубиме. Задоволен сум и сакам да им се заблагодарам на ракометарите. Се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи. Веќе четири натпревари сме без пораз и тоа многу ни значи за нашата ментална сила. Групата е многу израмнета и треба да бидеме подготвени на драматични натпревари до крај. Треба да бидеме храбри и интелигентни. Целта ни е да биеме меѓу четирите најдобри екипи во групата и да продолжиме со играње на елиминациона натпревари, изјави стратегот на Еурофарм Пелистер.

Њујорк – Во дерби-натпреварот на двете водечки екипи во НБА-лигата одигран во Феникс, кошаркарите на „Санс“ го совладаа на домашен терен Голден Стејт со 104-96 и со тоа се израмнија на врвот на табелата со ефект од 18-3.

За Феникс ова беше 17 победа во серија со која го израмнија клупскиот рекорд, а до триумфот стигнаа предводени од Деандре Ејтон, кој запиша 24 поени и 11 скокови. Најдобриот играч на Феникс, Девин Букер, мина на паркетот само 15 минути поради повреда на бутниот мускул.

Скопје – Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата. Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степена. Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, потоа во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.

Според најавата на синоптичарите, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

Back to top button
Close
Close