МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 ноември 2021

25 ноември 2021

Скопје – Функционирањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории, беа теми на разговор на средбата меѓу обвинителката Вилма Русковска и претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир.

Едночасовната средба што се одржа вчера во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, била од протоколарен карактер.

Скопје – На почетокот на годинешната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Главната цел на усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој стапи во сила на 6 мај годинава, како што посочуваат од Хелсиншкиот комитет, е подобрување на институционалната и сеопфатна поддршка на жртвите на родово базирано насилство и надминување на слабостите во претходните законски решенија. Станува збор за еден од клучните закони предвиден со Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција 2018-2023, кој подразбира обврска за измена и дополнување и на други закони и подзаконски акти, меѓу кои од особена важност е Кривичниот законик.

Скопје – Екипи на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје во текот на денешниот ден спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на Град Скопје.

Од претпријатието информираат дека акцијата се спроведува во рамки на редовните работни активности и поради најавените врнежи од дожд во претстојниот период заради непречена функционалност на атмосферската канализација.

Скопје – Кривична пријава против лицето С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, денеска поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што појаснуваат во соопштението од МВР, пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот.

Скопје – Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528 695 мегаватчасови електрична енергија, 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435 707 тони јаглен и 92 829 тони нафтени продукти.

Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Скопје – Во знак на глобалната кампања „16 дена активизам за спречување и елиминација на родово базираното насилство врз жените“, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ соопшти дека се приклучува на спроведување на кампањата, под слоганот #ДалиЕОваЗнак?
Кампањата ќе се спроведува на локално ниво до 10 декември, а целта е едукација, информирање и подигнување на свеста за формите на насилство на заедницата, со главен фокус на жените и девојки Ромки.

Белград – Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Сочи изјави дека ќе се најде решение за цената на рускиот гас, што ќе биде прифатливо за Србија и му посака на Вучиќ успех на следните избори во април.

– Знам дека особено Ве загрижуваат некои прашања поврзани со истекувањето на договорот за купопродажба на гас. Мислам дека ќе се договориме, ќе им наредиме на одговорните субјекти да ја завршат таа работа. Во секој случај, ќе најдеме такво решение кое секако ќе биде прифатливо за нашите српски пријатели, изјави Путин.

Атина – Во присуство на шефот на грчката дипломатија и претставници од Министерствата за надворешни работи и здравство на Гана, Грција ѝ донираше на Гана 150.000 дози од вакцината против Ковид-19, што според Никос Дендиас е „знак за грчката солидарност“, јави дописничката на МИА од Атина.

На церемонијата на предавање на вакцините во Акра министерот за надворешни работи на Грција рече дека тоа е придонес од Грција за да ѝ помогне на Гана во справувањето со Ковид-19, но и дека е потребно споделување на ресурсите на глобално ниво за справување со пандемијата.

Атина – Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому категорично ја отфрли можноста за воведување нов целосен карантин во Грција, објаснувајќи дека се насочени кон напорите за зголемување на имунизациската покриеност и зајакнување на здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Иконому рече дека Владата има конкретна стратегија со цел „да останат отворени и целосно функционални општеството, образованието и економијата“.

Париз – Франција соопшти дека мобилизира резервисти и засилува операции за спасување на море во момент кога Лондон и Париз разменуваат обвинувања за смртта на 27 мигранти кои загинаа во обид да стигнат до Британиа со помош на гумен чамец. Мигрантите се удавиле во Ламанш.

– Ќе кажам многу јасно дека нашите безбедносни сили се мобилизирани дење и ноќе, нагласи Макрон за време на посетата на Загреб, ветувајќи „максимална мобилизација“ на француските сили, со резервисти и беспилотни летала кои го надгледуваат брегот. Но, пред се, мора сериозно да ја зајакнеме соработката со Белгија, Холандија, Велика Британија и Европската комисија, додаде Макрон.

Стразбур – Насилството врз жените е голема закана за нивната слобода и права, вклучително и онлајн насилството и кибернетичкиот криминал, а постојат алатки за борба против него, како што е Истанбулската конвенција, но треба да се направи многу повеќе за да се подобри ситуацијата, порача денеска Советот на Европа.

По повод Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените – 25 ноември, генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и италијанската министерка за еднакви можности и семејство Елена Бонети, во име на италијанското претседателство со Комитетот на министри при Советот на Европа, повикаа на посилна борба против насилство врз жените, потсетувајќи дека оваа година се одбележува десетгодишнина од потпишувањето на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство.

Пекинг – Кинеското Министерство за национална одбрана соопшти дека американската морнарица провоцирала во Тајвански Проток и во Јужно Кинеско Море.

Соопштението на кинеското Министерство за национална одбрана уследи по транзитот на американскиот воен брод.

Скопје – Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје загуби од Северна Ирска со 0:11.

Во меч којшто се играше во рамките на европските квалификации Д-група за пласман на Светското првенство 2023, гостинките доминираа и уште во раната фаза ставија јасно до знаење кој ќе ги освои трите бода. Веќе на полувреме имаа предност 7:0.

Back to top button
Close
Close