МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 октомври 2021

21 октомври 2021 

– Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните.

– Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, и генералната директорка на Генералниот директорат на архивите на Италија, Ана Мариа Буѕи, во Рим потпишаа четиригодишен Договор за соработка меѓу овие две институции.

– Коронавирусот ги покажа недостатоците, но и способноста на здравствениот систем да води грижа за пациентите со малигни заболувања и да спроведува успешни трансплатации во време на пандемија. Ова беше заклучено на денешната научна регионална конференција на тема „Предизвиците на децата со канцер и Ковид-19″, на која здравствени работници и претставници на невладини организации ги споделија искуствата со предизвиците во изминатиот период.

– Од Влада денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Северна Македонија, денеска заминале за Грција каде им е обезбедено трајно прибежиште.

– Министерката за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска, ја искористи посетата на Брисел да оствари средба со ЕУ претставници, при што истакна дека за Северна Македонија време е Бугарија да покаже желба за решение, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Мерките за заштита од Ковид-19 никогаш не биле носени од какви било политички одлуки од почетокот на кризата, од лани досега. Секогаш сме гледале низ призма на епидемиологијата, односно што е тоа што може да се препорача, или да се забрани или да се направи рестрикција. Во таа смисла, на следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде дискутирана оваа мерка за неопходност од тоа да се има две дози вакцини, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

– Претседателот на грчкиот парламент Константин Тасулас, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Рик Даемс и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ денеска во Атина ја отворија дводневната Европска конференција на претседатели на парламенти изразувајќи задоволство што таа се одржува со фицилко присуство на 48 претседатели на парламенти, меѓу кои е и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска овие два дена учествува на првиот физички министерски состанок на НАТО Алијансата, а една од главните теми е Авганистан, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Локалните избори донесоа промена во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг и ќе бидат градоначалници. Во трката за градоначалничката фукција во вториот изборен круг се уште тројца пратеници.

– Според податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, во вториот квартал од годинава, во Албанија, бројот на новороденчиња изенува 5.993 што е пад на наталитетот од 10, 6 отсто споредено со истиот период минатата година.

– Членот на Кризниот штаб на Владата на Србија, епидемиологот Предраг Кон изјави дека го поздравува воведувањето на ковид пропусниците, но наведе дека тие требало да се воведат порано и дека е „незадоволен и тажен затоа што не мисли дека тоа ќе биде доволно“, и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб уште од порано предложил построги мерки, јави дописникот на МИА од Белград.

– Германија, заедно со уште четири други членки на ЕУ, покрена иницијатива за формирање воени единици за брза интервенција, објавија денеска германските медиуми.

– Обединети нации денеска објавија дека формирале специјален доверителен Фонд, што ќе користи донаторски средства за да обезбеди итно пари за Авганистанците.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за претстојниот натпревар од Ла Лига со Реал Мадрид. Имам добро чувство. Победивме два меча, играчите закрепнуваат. Фати и Агуеро се вратија, играме пред нашите навивачи. Сакам да ги расположам фановите, бидејќи шоуто ќе биде одлично. Ако го победиме Реал, ќе биде супер, ќе славиме. Оптимист сум и уверен дека ќе победиме, рече Лапорта.

– До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. В сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а в недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Back to top button
Close
Close