МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 октомври 2021

21 октомври 2021

– Уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има и места за оставање на велосипеди и полначи за електрични возила, истакна денеска кандидатката за градоначалничка за Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар Трајкова. 

– Поддршка на жените и младите фармери во руралните средини со цел подобрено искористување на финансиската поддршка во земјоделството од нивна страна е приоритет на Рурална коалиција во нивниот стратешки план за периодот 2021-2025 година.

 Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

 – Силвен Кормие, адвокат на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема во случајот со уценување на играчот од средниот ред Матје Валбуена со интимно видео, го коментираше текот на судењето.

– Припадниците на специјалната полициска управа на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност Дејан Перуничиќ, јави „Вијести, повикувајќи се на извори  од безбедносните кругови.

– Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, по разговорот со функционерот на СПС, Том Фила, истакна дека „додека е жив“, партијата што ја предводи нема да влезе во коалиција против Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Околу 250.000 француски домови денеска останаа без електрична енергија, а сообраќајот на возовите од Нормандија до Париз е запрен по силниот ветер што погоди делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Локалните медиуми јавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силниот ветер рано утрото откорнал покриви и дрвја.

– Неименуван претставник на САД потврди дека денеска е нападната со дрон американска воена база лоцирана на границата меѓу Сирија и Ирак.

– Обединети нации го осудуваат насилството во северозападна Сирија и апелираат до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да се воздржат од неселективни напади врз цивилната инфраструктура.

 – Силвен Кормие, адвокат на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема во случајот со уценување на играчот од средниот ред Матје Валбуена со интимно видео, го коментираше текот на судењето.

 Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта (3:2). Италијанската екипа е 38-ма против која Португалецот има постигнато гол во Лигата на шампионите што е нов рекорд во елитното натпреварување.

Back to top button
Close
Close