МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 октомври 2021

20 октомври 2021

 Заложбите на Министерството за образование и наука и на Владата за поттикнување и развивање на критичкото мислење и свесноста за климатските промени и животната средина кај децата и младите се огромни и тие може да се видат веќе во пракса, бидејќи се дел и од реформските процеси кои започнаа од оваа учебна година во основното образование, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на Младинскиот самит за климатски промени.

– Подобро е да сме изненадени од добра вест бидејќи имаме доволно искуство од разочарувања и неисполнети надежи. Многу е важно што во оваа фаза голем интерес и ангажман покажуваат претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, што ни дава надеж дека со тоа ниво на ангажман сепак ќе се успее да се направи пробив, иако мислам дека треба да бидеме уште многу внимателни со очекувањата, со надежта. Затоа е време за одговорност и да мислиме мислиме каде ќе биде овој регион пет години од денес, десет години од денес. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за реформскиот напредк на Северна Македонија.  

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 53-та јавна седница ја отфрли претставката за изборни нерегуларности за Локалните избори 2021, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, заради одлуката на Владата донесена на 111-тата седница одржана на 13 октомври со која даде согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, донесен на два дена пред објавување на изборите.

– Целиот процес и ние внатре и политиките на ЕУ кон регионот се класичен заложник на некој начин на историски прашања, а во новата методологија се вели, еден од моите омилени параграфи – нерешените билатерални прашања не треба да го држат пристапниот процес во заложништво. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров прашан да даден коментар за реакциите на бугарските европратеници за време на вчерашното обраќање на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Стразбур, за наводно кршење на човекови права и говор на омраза во Северна Македонија за граѓаните со бугарска самосвест.

– Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Макеоднија дава реалистична слика за состојбата со македонската економија, нотирајќи умерен напредок. Исто така, се фокусира и врз импактот од КОВИД-19 кризата врз економијата, наведува Фајнанс тинк во коментар на економскиот дел од Извештајот.

– Преку Портата за иновации на Народната банка согледуваме дека финтек-компаниите се заинтересирани за развивање и понуда на нови услуги во платежната сфера. Тие може да го олеснат управувањето со паричните средства на компаниите, коишто се водат на платежни сметки кај повеќе даватели на платежни услуги, преку следење во реално време на состојбата и извршените трансакции. За таа цел, ќе требно да се воведе концептот на т.н. „отворено банкарство“, што подразбира воспоставување стандарди за отворена и сигурна комуникација. Народната банка работи на изготвувањето соодветен подзаконски акт со кој ќе се пропишат стандардите за отворена и сигурна комуникација, усогласен со стандардите коишто се применуваат во Европската Унија.

– Меѓувладината комисија за нуклеарната централа Кршко, што е во сопственост на Словенија и Хрватска, денеска на средбата во Блед изрази задоволство од добрата работа на нуклеарната централа, а ги разгледа и програмата и финансиските аспекти на работата.

– Процените се дека со вакцината, до 11  октомври избегнавме околу 8.400 смртни случаи. Ова, практично, значи дека без вакцинацијата ќе имавме 8.400 смртни случаи повеќе, истакна професорот епидемиолог и член на Комисијата на експерти во Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас, соопштувајќи ги резултатите од анализата на програмата за вакцинација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Како и што се очекуваше Дачијан Чиолос не ја доби парламентарната доверба за неговата центристичка малцинска влада, со што се продолжи политичкиот ќорсокак во Романија во време на раст на заразите со коронавирус.

– Потребно е да се поддржат и заштитат медиумите во некои земји – членки на ЕУ, поради зголемената моќ на глобалните платформи и тужбите насочени кон заплашување на новинарите, заклучија европратениците на пленарната сесија на Европскиот парламент.

 Европската комисија повтори дека има целосна доверба во работата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, да ја води работата непристрасно кон Западниот Балкан, посебно во делот на владеењето на правото, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Русија воведува неработна недела поради зголемувањето на бројките на заразени и умрени во пандемијата на коронавирусот, пренесе „Раша Тудеј“. Претседателот Владимир Путин нареди воведување платена неработна недела, откако денеска беше регистриран нов рекорден број смртни случаи.

– Кралицата Елизабета Втора не се чувствувала добро, па „неволно“ го прифатила советот на докторот да го откаже патувањето во Северна Ирска. Патувањето планирано за утре и задутре е одложено, соопшти  Бакингемската палата.

– Подваријанта на мутацијата на Делта сојот на коронавирусот, која предизвикува тревога во Велика Британија, е пронајдена кај дете кое влегло во Израел од Молдавија, соопштија денеска здравствените власти.

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одговори на прашањето зошто Лионел Меси го изведе првиот пенал против Лајпциг во Лигата на шампионите (3:2). „Во ред е, сè е до почит. Тој е најдобриот фудбалер на светот, фактот што игра со нас е привилегија, јас отсекогаш го велев тоа. Ако има пенал, тој ќе го шутира, точка. На вториот пенал, тој ми рече: „Пукај“. Беше крајот на натпреварот, тој ми дозволи да го изведам пенал и јас го изведов“, изјави Мбапе за „Л’Екип“.

 

 

Back to top button
Close
Close