МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 август 2022

19 август 2022

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево.

 – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ.

– Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември.

– Во организација на „Парко продукција“ од денеска до 21 август во градскиот парк во Битола ќе се одржи првото издание на Парко 2047 Фестивал.

– Кинематограферите од светот од денеска до 26 август ќе бидат на Фестивалот „Браќа Манаки“ чие 43. издание ќе се реализира во битолскиот Центар за култура, Офицерски дом, кино „Манаки“ и летна тераса на КИЦ-Битола.

– Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ.

– Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија на автопатот Тракија, денеска со две екипи на Центарот за итна медицинска помош од Стара Загора ќе бидат пренесени до граничниот премин Калотина. Тоа го соопшти бугарското Министерство за здравство.

 – Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје, како противтенковско оружје и минофрлачи, јави ДПА.

 Кина објави прво предупредување за суша годинава додека властите се борат со шумските пожари и мобилизираат специјализирани тимови за заштита на посевите од високите температури низ сливот на реката Јангце.

  Русија се искачи на листата на земји што користат јуани за меѓународни плаќања, јавија западни медиуми. Ако не се брои самата Кина, пред Москва се само Хонг Конг и Велика Британија, според објавените податоци.

– Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 8.

Back to top button
Close
Close