МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 октомври 2021

19 октомври 2021

 Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација, соопшти Министерството за здравство.

– Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука кого ќе поддржи во вториот изборен круг во општините каде учествуваат кандидати кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борба не е завршена, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев во писмото упатено до членовите на партијата по повод резултатите од првиот круг од локалните избори.

 Министерството за здравство соопшти дека неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

 Министерството за здравство на Косово информира денеска дека повеќе од половината, односно 53,5 отсто, од граѓаните над 18-годишна возраст досега ги примиле двете вакцини против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

–  Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.

– Москва тргнува од премисата дека НАТО треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Швајцарија, поради енергетската криза во светот, стравува од прекин на електричната енергија, а Швајцарската комисија за електрична енергија (Елком) предупреди во јуни, не за првпат, на опасност од „затемнување“.

–  Полска одлучи да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд во согласност со барањата на Европската унија, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравиецки.

– Рејтингот на американското државно раководство во светот пораснал во првите шест месеци од претседателството на Џо Бајден, укажуваат резултатите од најновата анкета на Галуп спроведена во речиси 50 земји. 

 Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, пред заминувањето за Данска на дуел со Алборг во ракометната Лига на шампионите, најави борбена игра на неговиот тим и обид да се изненади фаворизираниот противник.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close