МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 април 2022

17 април 2022

 – Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Горан Стојановски, претседател на Националната пливачка федерација.

– Република Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајот Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт, кој допатува во Скопје по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“. 

– Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повлече вчерашното обвинување за извршени израелски 50 холокаусти, појаснувајќи дека неговата намера била само да ги нагласи „злосторствата“ извршени од Израел врз Палестинците низ годините.

 – Над 100 килограми хероин се откриени при контрола на автомобил на бугарскиот граничен премин „Капитан Андреево“ со Турција, соопшти прес-центарот на Царинската агенција.

– Трговското салдо на Грција со Русија е негативно, а со Украина позитивно во првата половина од 2022 година, додека пак во месец јуни увозот од Русија бележи раст од 86,3 отсто, а од Украина пад од 40,9 проценти, согласно привремените податоци објавени од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.

 Во Сејан, на јужниот дел од Франција, старите камени фонтани се празни, а славините во домаќинствата работат само согласно строгото дневно ограничување и тоа благодарение на камионите – цистерни, затоа што природните извори пресушија, пренесе Јуроњуз.

 Израел и Турција целосно ги нормализираат односите, вклучувајќи враќање амбасадори и генерални конзули, соопштија денеска израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

 Македонскиот репрезентативен центар, Теодор Симиќ во сезоната што претстои ќе игра како како позајмен играч на Борац од Бања Лука, откако потпиша за Игокеа.

Back to top button
Close
Close