МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 август 2022

17 август 2022

– Соработката меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се остварува преку обука на припадниците на двете армии, реализација на заеднички вежби, како и заедничко учество во мировни мисии беа тема на разговорор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

– Екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве интензивно работат на санација на пешачката патека која се наоѓа на насипот на река Вардар, информираат од скопската локална самоуправа.

– Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве започнаа со хортикултурно уредување на нова зелена површина на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.

– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека набави нови 70 апарати (смарт телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање.

 – Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека со загриженост констатира дека државната прослава на годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор во организација на Владата на Република Северна Македонија, наместо да има обединувачки карактер, беше уште еден повод за ширење омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Сметаат дека јавната осуда е најмалку што може да го сторат политичките структури и ја повикуваат Владата да ги осуди изливите на омраза и суштински да се посвети на социјалната кохезија во државата

– Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Северна Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна.

– Буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест“ од Крива Паланка, ќе бидат стопирани, бидејќи во апликацијата до Министерството за култура беа наведени други изведувачи, а не познат турбо-фолк пејач од Србија, соопшти Министерството.

– Од 22 до 24 август ќе се одржува четвртиот МакеКоПроДокс форум, централен настан во индустрискиот сегмент на 13. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Главна цел на форумот е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји.

 Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. Најмногу се должи на зголемените цени на горивото и храната.

– Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија.

– Компанијата „Унипер“ што е најголемиот увозник на гас во Германија, во првото полугодие оваа година забележала загуби во износ поголем од 12 милијарди евра, од кои половината се последица на проблемите во снабдувањето гас од Русија.

– Соединетите Американски Држави ја предупредија Турција да не ја проширува соработката со Русија во областа на одбранбената индустрија, по вчера соопштените најави за нов договор меѓу Анкара и Москва за испорака на руски ракетни системи „С-400“, објави во електронското издание турскиот весник „Сјозчу”.

– Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон денеска изјави дека тајно раководел со пет клучни министерства за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи верувал дека одговорноста за нацијата е само негова.

– Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повлече вчерашното обвинување за извршени израелски 50 холокаусти, појаснувајќи дека неговата намера била само да ги нагласи „злосторствата“ извршени од Израел врз Палестинците низ годините.

 – Македонскиот репрезентативен центар, Теодор Симиќ во сезоната што претстои ќе игра како како позајмен играч на Борац од Бања Лука, откако потпиша за Игокеа.

 Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е оптимист пред пресметките со Балкани од Косово во плејофот од Конференциската лига на УЕФА.

 Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ изјави дека како победник на Евробаскет 2017 си поставил за цел да ја одбрани титулата на претстојното Европско првенство 2022.

– Под влијание на топол бран утре и в петок температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close