МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 август 2022

16 август 2022

– Владата на наредната седница ќе донесе одлуки за прогласување кризна состојба за електрична енергија и за топлинска енергија што ќе важи од 1 септември годинава, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Вкупно 281 офицери, подофицери и цивилни лица денеска добија златна значка за триесет години активна служба на Армијата, по повод 18 август – Денот на Армијата и одбележување 30 години од нејзиното формирање.

– Пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите за да се овозможат поригорозни мерки за трговците кои ја користат кризната ситуација за воено профитерство и манипулации, апелира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска со претставници од раководството на партијата, како и градоначалници од источниот регион им дадоа поддршка на кочанските оризопроизводители, кои бараат повисока откупна цена на оризовата арпа и на белиот ориз и средба со претставници на Владата.

– Нормализиран е сообраќајот на патниот правец  Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ.

– Земја во фокус е Чешка во рамки на програмата на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржува од 18 до 25 август во Скопје. Почесна гостинка на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Europe House Скопје“.

– Со летен креативен камп вчера во Богданци почна четвртиот Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во земјава.

– На претпоследниот ден од рокот за пријавување на престојните избори се пријавија „Демократска Бугарија“, „Продолжуваме со промената“, Движењето за права и слободи и националистичкото „Преродба“ и ВМРО, јави дописникот на МИА од Софија.

 Двајца италијански државјани се уапсени во албанскиот град Елбасан поради продажба на лажно злато во Албанија и во Црна Гора.

 – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини САД за одолговлекување на украинскиот конфликт и се обидуваат „да го дестабилизираат“ светот преку неодамнешната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

– Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска телефонски ќе разговора со својот украински колега Володимир Зеленски за ситуацијата во нуклеарната централа во Запорожје.

 Студентските трошоци во Франција пораснаа за 7,38 отсто во текот на една година, најголем пораст забележаа додатните студентски здравствени осигурувања со просечна цена од 411,13 евра, односно пораст од 32 отсто помеѓу 2021 и 2022 година, јави дописникот на МИА.

– Најмалку 20 луѓе загинаа при судир на цистерна со нафта и патнички автобус во Пакистан. По судирот возилата се запалија.

 Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес се сретна со кадетската репрезентација која во неделата го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Летонија.

 Раководството на НБА-лигата планира со натпреварот на Бостон против Филаделфија да биде отворена сезоната 2022/23, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

– Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Back to top button
Close
Close