МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 октомври 2021

19 октомври 2021

– Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас.

– Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа јавна дебата за нацрт-текстот на националната стратегија за развој на земјоделските задруги за периодот 2022-2028 година.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Шпанија во земјава, Хосе Луис Лосано Гарсија.

 Во девет средни училишта во Скопје утре ќе почне скринингот на учениците за Ковид-19. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство.

– Малатa излезност на првиот круг од Локалните избори 2021, најниска од независноста досега, ги „стопи“ гласовите на политичките партии, споредено со локалните избори 2017 година, покажуваат податоците на Државаната изборна комисија.

– До крајот на 2022 година ќе се спроведе реформа во буџетското сметководство и од готовинско ќе се премине на пресметковно начело, најави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на ИПСАС обуката за сметковители во јавниот сектор организирана од страна на Центарот за извонредност на финансиите што денеска се одржа во Охрид.

– Амбасадорот на земјава во Тирана, Данчо Марковски имаше средба со Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот „Илинден“ и претседател на истоименото македонско друштво во Албанија.

– Шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ ќе се одржи од 27 до 31 месецов. Оваа година фестивалот се враќа на класичниот формат на одржување во живо, во Кинотека, но сепак ќе продолжи и традицијата од лани, со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ 24.

– Вкупните инвестиции на странски државјани и компании во Црна Гора во периодот од јануари до август годинава изнесуваат 524,44 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора.

– Француските министри денеска предложија воведување ваучери за бензин за домаќинствата со ниски примања, додека Владата на претседателот Емануел Макрон се обидува да ја ограничи економската штета од скокот на цените на енергијата и горивото шест месеци пред претседателските избори.

– Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд.

 Олимпискиот оган е подготвен да го започне патувањето од Атина за Кина за да стигне на Олимпискиот стадион во Пекинг за свеченото отворање на 24-те зимски олимписки игри. Уникатниот оган ќе ја пренесе пораката на мир и пријателство, рече претседателот на грчкиот олимписки комитет Спирос Капралос на свечената церемонија во Атина, кусо, пред олимпискиот оган да му го предаде на потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“Ју Зајчин, јави дописничката на МИА од Атина.

– До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено в четврток. Од УХМР најавуваат дека за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close