МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

10 август 2022

10 август 2022

 Делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

 Делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

– Народната банка демонстрираше јасни чекори за стабилизација на инфлациските очекувања и за справување со инфлацијата во среднорочна перспектива, така што ефектите од тие зголемувања на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат, бидејќи потребно е одредено време за да се согледаат ефектите, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески во изјава за МИА. коментирајќи ја најновата одлука на централната банка да не ја зголемува основната каматна стапка во услови на инфлација.

 – Авионската дезинсекција против возрасни форми комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе на 13 август (сабота) и 14 август (недела) во раните утрински часови, соопшти РЦУК.

– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, а кога станува збор за Косово, порача дека сите страни мора да останат смирени и да избегнуваат еднострани дејствија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ го посети хрватскиот град Дубровник и по тој повод се осврна на војната и бомбардирањето на тој град во кој учествуваше и Црна Гора во 1991 година.

– За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни 2021 година, се намалила невработеноста во Грција, која за месец јуни изнесува 12,1 отсто, согласно официјалните податоци од Грчката служба за статистика, а според надлежниот министер веќе е на нивото од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина.

 Руското Министерство за надворешни работи упати остри обвинувања против Обединетите Нации околу ескалација на безбедносната криза во украинската нуклеарна централа Запорожје и предупреди дека светот е „пред пропаст“. Воедно, рускиот амбасадор во ОН за утре побара седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата со нуклеарката.

 –  Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја реконструираше владата со цел, како што претходно соопшти, да ја дистанцира од контроверзната Унификациска црква, позната и како Мунова секта, поврзана со убиениот поранешен премиер Шинѕо Абе и со високото раководство на владејачката партија.

– Владата на Шри Ланка поднесе предлог уставен амандман до Парламентот, чија цел е ограничување на претседателските овластувања.

 – Барселона е заинтересирана да го ангажира играчот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва за 50-60 милиони евра.

Back to top button
Close
Close