МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 октомври 2021

18 октомври 2021

– Четири скопски општини, според досега објавените податоци од ДИК, добија градоначалници во првиот круг од локалните избори. Во Бутел во првиот круг за градоначалник е избран Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,79 отсто од гласовите пред Велимир Смилевски од СДСМ со 40,01 отсто, во Гази Баба е избран Бобан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ со 60,07 отсто од гласовите пред Борис Георгиевски од СДСМ со 29,45 отсто. Во Кисела Вода во првиот круг за градоначалник е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,53 отсто од гласовите пред Филип Темелковски од СДСМ со 27,46 отсто, а во Сарај старо-нов градоначалник е Блерим Беџети од ДУИ со 73,10 отсто освоени гласови пред Керим Мамути од АА и Алтернатива со 17,65 отсто.

 ОЈО Скопје оформи три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето и тоа за „пукање со огнено оружје“, за „изнуда“ и за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Кавадарци отвори еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Свети Николе еден предмет за „поткуп“, ОЈО Кочани седум предмети, меѓу кои за „поткуп“ и „повреда на  слободата на определување на избирачите”,  ОЈО Делчево еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Струга предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Гостивар предмет за „повредна на тајноста на гласањето“ и ОЈО Гостивар предмет за „поткуп“, информираат од ЈОРСМ.

– Меѓународниот образовен простор интензивно се развива. Прогресивната заедница се стреми да создаде глобална стратегија за образование на човекот, без оглед на местото на живеење и едукациското ниво. Денес е невозможно да се обезбеди конкурентност на високообразовната институција и нејзините дипломирани студенти на светскиот пазар на труд, без активна интеракција со странски партнери. И нашите земји ги обединува разбирањето дека модерното образование треба да стане меѓународно, а универзитетското мултикултурно, порачаа учесниците на настанот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со кој претпладнево и официјално почнаа Деновите на руската наука.

– Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

– Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

– Непознат ракопис што на три страници го напишал Блаже Конески и му го посветил на Никола Јонков Вапцаров беше претставен денеска на почетокот на шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

– Меѓународниот образовен простор интензивно се развива. Прогресивната заедница се стреми да создаде глобална стратегија за образование на човекот, без оглед на местото на живеење и едукациското ниво. Денес е невозможно да се обезбеди конкурентност на високообразовната институција и нејзините дипломирани студенти на светскиот пазар на труд, без активна интеракција со странски партнери. И нашите земји ги обединува разбирањето дека модерното образование треба да стане меѓународно, а универзитетското мултикултурно, порачаа учесниците на настанот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со кој претпладнево и официјално почнаа Деновите на руската наука.

– Голема воена вежба во ноември, во грчкиот град Александруполи, подготвуваат САД како дел од неодамна потпишаниот нов грчко- американски договор за воена соработка, а вежбата ќе се прошири во Бугарија и Романија и ќе стигне до Унгарија, објави грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Петстотини луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив, веќе сум и јас, напиша поранешната грчка министерка и пратеник од Нова демократија Дора Бакојани на нејзиниот официјален Фејсбук профил, соопштувајќи дека има рак на плазма клетките, кој е во почетна фаза и со најдобра можна прогноза за текот на болеста, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година, кој вклучува извештаи од Европската комисија за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија.

– Во ЕУ повеќе од 75 проценти од возрасните граѓани се веќе целосно вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Европската фудбалска асоцијација сака да ја казни Англија за однесувањето на навивачите на денот на последниот натпревар од Евро 2020 со Италија (2:3 на пенали), објави „Скај спортс“.

 Во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, претседателот на грчкиот олимписки комитет, Спирос Капралос и потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“ Ју Зајчин, од зраците на сонцето, претпладнево беше запален олимпискиот оган за 24-те Зимските Олимписки игри „Пекинг 2022“, јави дописничката на МИА од Атина.

 

 

Back to top button
Close
Close