МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 октомври 2021

18 октомври 2021

– Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) до 9:30 часот денеска, на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 27 градоначалници, од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност, а сè уште не се целосно обработени гласовите за 15 општини и Градот Скопје.

– Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на девет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија.

– Групата избирачи „Шанса за Центар“ објави дека според првичните резултати на нивниот аналитички центар, се наоѓаат на третото место по бројот на освоени гласови на изборите за членови на Советот на Општина Центар.

– Им благодарам на нашите подржувачи и на нашите гласачи кои ја препознаа оваа шанса за поинаков Совет на Општина Центар и потврдија каде е најголемата моќ за подобри локални политики. Се потврдува нашата верба дека и мала група посветени, храбри и стручни индивидуалци можат да влијаат на иднината на урбаното живеење. Ветивме дека ќе останеме транспарентни и како што порачавме, со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме, изјави Јана Белчева-Андреевска.

– Како дел од програмата „Креативна Европа“, во книжарниците на ТРИ е објавена книгата „Тажниот гостин“ од Матијас Наврат, дел од едицијата „Читаме заедно“. Преводот е на Слободанка Поповска.

– По преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, резултатите укажуваат дека во Косово се избрани градоначалници на 19 општини уште во првиот круг, пишува Коссев.

– За 29 октомври, според грчките медиуми, е договорена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина, што ќе биде и проштално патување во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Предупредувањата за несоодветното функционирање на државните органи во рамките на системот на НАТО бараат прецизен одговор од црногорските државни институции, изјави претседателот на парламентарната Комисија за меѓународни односи, Миодраг Лекиќ.

– Претседателот на САД, Џозеф Бајден, е тужен од албанското семејство Мислими, кое тврди дека иако биле избрани за американската „виза за разновидност“, нивното барање не било разгледано.

– Според кандидатот за претседател на Бугарија, од Националната унија на десницата, КОД се срами што најголемите споменици во земјата припаѓаат на советската армија, а не на бугарските херои. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Горан Благоев изјави на средба преку интернет со гласачите и ги даде како пример двата најголеми града во Бугарија – Софија и Пловдив. Според Благоев, се додека Бугарија и бугарската политичка елита продолжуваат да зависат од Кремљ, корупцијата ќе продолжи да ги ограбува приходите и бугарските граѓани ќе останат најсиромашните во ЕУ.

– Ученик од шесто одделение отвори оган во училиште во градскиот округ Октјабрски во регионот Перм, објави прес-службата на регионалниот оддел на руското Министерство за внатрешни работи. Ученикот е приведен, а во инцидентот нема жртви.

–  Потрошувачите во пет земји од Централна Европа, вклучително и Словенија, од почетокот на пандемијата на  Ковид-19 почесто користат безготовинско плаќање, покажува истражувањето на Центарот ЦЕПЕР.

– Западниот Балкан ќе биде на агендата на министрите на ЕУ во рамките на Советот за надворешни работи, хрватскиот министер предупреди дека ситуацијата во регионот се влошува, јави дописничката на МИА од Брисел.

– На денешен ден во 1922 година, беше основан Би-Би-Си – првиот јавен сервис во светот. Корпорацијата беше основана од група водечки производители на безжични мрежи, вклучително и Гиљермо Маркони.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска иницира работни групи што ќе бидат одговорни за предлагање реформи во судството, со цел да одговори на критиките поради бавноста на судскиот систем.

– Пожар избувна денеска во голема рафинерија за нафта во Кувајт, и засега нема извештаи за жртви, соопшти државната нафтена компанија Мина ал Ахмади.

– Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел денеска изрази надеж дека европските и иранските дипломати наскоро ќе се сретнат за да се обидат да ги заживеат нуклеарните преговори, но одби да ги потврди извештаите дека состанокот ќе се одржи в четврток во Брисел.

– Израел не сака војна со либански Хезболах, но е подготвен да се соочи со околу 2.000 проектили дневно од вооружената група, доколку избие конфликт, изјави висок израелски воен претставник.

– Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, во текот на вчерашниот ден го имаше својот прв тренинг по подолга пауза.

– Шпанската тенисерка Пола Бадоса синоќа ја победи Белорусинката Викторија Азаренка во финалето на турнирот во Индијан Велс со 2-1, по сетови  7:6 (7:5); 2:6 и 7:6 (7:2).

– Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

 

 

Back to top button
Close
Close