МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 октомври 2021

18 октомври 2021

– Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб-страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

– Постапката за сумирање на резултатите трае и како што завршува избирачките одбори со собирање на резултатите тие се внесуваат на веб апликацијата. Досега имаме добиено резултати од 1.662 места за градоначалници, од вкупно 3.480 избирачки места, односно 47,76 проценти, информираше вечерва претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

– Од 20 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 38,59 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 35,01 отсто.

– Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на девет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија.

– СДСМ и коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и секако во Град Скопје, изјави вечерва на прес-конференција премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

– ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во 20-тина општини, а други влегува во вториот круг. Се чекаат резултатите за скопските општини Аеродром и Кисела Вода каде, според аналитичкиот центар на партијата, нивните кандидати се во водство.

– Поставените проекции како цел од страна на Левица, полека се остваруваат, изјави вечерва лидерот на ова политичка партија, Димитар Апасиев.

– Иднината на Европа, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан ќе биде тема на разговор на состанокот на Меѓународното европско движење што ќе се одржи денеска и утре во Рим.

– Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

– Манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик јазик „Крсте Мисирков“ почнува денеска.

– Од денеска до 21 октомври ќе се одржат Денови на руската наука, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

– Во галеријата  „Метаноја“ денеска ќе биде отворена изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски.

– Патувачката изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ на Рафаело Санти вечер ќе биде отворена во Археолошкиот музеј.

– Пред почетокот на овогодишниот 40. Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 20 до 24 октомври, вечерва како програма плус во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал насловена „Complicate Simply“.

– Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:13 минути бил почувствуван од населението, особено во северозападните делови од земјава, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Пред Владата во Подгорица денеска ќе се одржи протестен собир против одлуката на катастарската управа да го регистрира манастирот Цетиње како сопственост на Митрополијата црногорско приморска на Српската православна црква (СПЦ).

– Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН.

– Автомобилскиот гигант Форд ќе инвестира 230 милиони фунти (315 милиони долари) во една од своите фабрики во Велика Британија за производство на компоненти на електрични возила, што ќе даде огромен поттик за автомобилската индустрија, јави ДПА.

 – Речиси десет години по завршувањето на петгодишниот мандат на Саркози, поранешниот генерален секретар на претседателството Клод Геан, поранешниот советник Патрик Буисон и уште на  три лица започнувајќи од денес ќе им се суди во аферата со нарачаните анкети на јавното мислење од Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

 Четири скандинавски авиокомпании од денеска го укинаа барањето за носење маски за време на летовите меѓу Данска, Норвешка и Шведска, јави ДПА, истакнувајќи дека нивото на вакцинација во земјите од регионот е меѓу највисоките во светот.

–  Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот.

– Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население.

 Британскиот тенисер Камерон Нори е победник на престижниот турнир во Индијан Велс (САД). За него ова е прв Мастерс трофеј.

 Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со напаѓачот Карим Бензема, пишува „Goal.com“.

Back to top button
Close
Close