МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

15 октомври 2021

15 октомври 2021

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.

– Блумберг Медиа (Блумберг) и МТел Свис, радиодифузер во сопственост на Телеком Србија, денеска го најавија отворањето на првата регионална деловна мрежа за вести во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на која изрази очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска истакна дека го добил како прелиминарен датум 25 ноември за средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Белград.

– Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким во објава на Твитер, наведува дека за лицата прогласени за „персона нон грата“ не се преговара и дека никој не треба да тврди дека е „посредник“.

– Најновите податоци за епидемијата од Ковид-19 во Белгија покажуваат раст на новите случаи, епидемиолозите предвидуваат влошување на состојбата со падот на температурите, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс денеска е избоден неколку пати за време на средба со граѓани во западен Саутенд во Есекс.

– Најмалку 32 лица загинаа, а 53 се повредени во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, изјави портпаролот на локалната болница.

– Иницијаторите на фудбалската Супер лига, чиј првичен концепт пропадна под жесток притисок на бројни институции и јавноста, сè уште не се откажале од намерата да го заживеат новото натпреварување, јави германската новинска агенција ДПА.

Back to top button
Close
Close