МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

15 октoмври 2021

15 октoмври 2021

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани,соопшти Министерството за здравство.

– Изборниот процес во целост до последниот ден на предизборната кампањата се одвива генерално мирно и во демократска атосфера во рамки кои се определени во Уставот и Изборниот законик, оцени денеска граѓанската организација Цивил. Сепак од Цивил посочија дека имаат забелешки на повеќе аспекти од овој процес, кои пред се се однесуваат на законската регулатива, на остро изразена родова нееднаквост, помало време за непарламентарните партии и независните кандидати, повреда на право на глас на болните од Ковид-19…

– Во име на повеќе од 2570 слепи и слабовидни лица во државата, Националниот сојуз на слепи по повод Меѓународниот ден на слепите – 15 Октомври потсетува на важноста за независно движење на лицата со оштетен вид и на потребата од зголемување на свеста за болестите и состојбите на очите.

– Во период од 6 август до вчера, се потврдени 40.208 граѓани позитивни на Ковид-19, од кои 25 отсто биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 30.142 граѓани, односно 74,9 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува во анализата што ја објави Министерството за здравство.

– Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот го освои второто место на меѓународниот натпревар за најдобри компании и организации од целиот свет Go Global Awards 2021 организиран од Меѓународниот совет за трговија со седиште во американскиот главен град Вашингтон.

– Со олабавената монетарна политика, како и со сите одлуки и мерки коишто ги донесе од избувнувањето на корона-кризата наваму, Народната банка (НБ) дава значаен придонес за поддршка на финансиската стабилност и на македонската економија во целина. Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна, сепак неопходно е внимателно следење на инфлациските движења, а особено инфлациските очекувања и можните пренесени ефекти во контекст на растот на платите.

 Во Бугарија денеска почнува кампањата за изборите за претседател и потпретседател и за новото Национално собрание, закажани за 14 ноември 2021 година.

– Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај, во име на неговата Влада, им понуди на САД да формираат постојана воена база на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Албанскиот премиер Еди Рама, кој вчера најави дека Албанија следната година ќе испрати два сателита во орбитата, именувани како „Албанија 1“ и „Албанија 2“, денеска објасни дека тие, акко и интелигентните беспилотни летала, ќе помогнат да се има целосна контрола врз целата територија на земјата.

– Актуелната влада е нефункционална и треба да се смени, бидејќи нејзиниот мандат претставува колапс на Црна Гора, изјави претседателот Мило Ѓукановиќ.

– Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија, пренесуваат француските медиуми.

– Германија денеска најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија, објавија операторите на преносните системи.

– Европската Унија се огласи по насилните протести во Бејрут кои резултираат со повеќе човечки жртви и ја осуди употребата на сила, јави дописничката на МИА од Брисел.

 Реномираната македонска финансиска институција „УНИ Банка“ и во следната, петта сезона по ред, ќе биде меѓу главните спонзори на МЗТ Скопје Аеродром, соопшти попладнево актуелниот кошаркарски првак.

Back to top button
Close
Close