МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 јули 2022

1 јули 2022

– Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ.

– На владината веб страница поладнево е објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија.

 Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција на новинарски прашања каква е процедурата за усвојувањето на преговарачката рамка кај нас во домашните институции и во кој дел од овој предлог имаме гаранција дека ова се последните барања од Софија.

 – Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, во рамки на 38-та седница.

 Од денеска до 5 јули во „Ист Гејт Мол“ и СЦ „Јане Сандански“ голем број танчери од 21 држава во Европа, ќе ја претстават својата земја на сцената во склоп на Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships). Организатори на Европското првенство се танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break-A-Leg“ од Скопје.

– Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека суштината на последните потези на Приштина не е во регистарските таблички, туку во постојаното малтретирање и терор на Србите во Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

– Следната недела ќе се разговара за составот на идниот кабинет што ќе го предложи „Продолжуваме со промените“, изјави премиерот во оставка и копретседател на владејачката партија „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков пред новинарите при увидот во интерконекторот Грција – Бугарија во областа Стара Загора.

– Полска денеска потпиша договор за купување на 32 хеликоптери „AW149“ од италијанската компанија „Леонардо“, во вредност од 1,75 милијарда евра, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

– Авионските летови од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз и од другите француски аеродроми денеска се реализираат со повремени прекини поради штрајковите и протестите на аеродромските работници кои бараат повисоки плати за да се одржи чекор со растечката инфлација.

 – Американското Министерство за правда поведе истрага против одделот на Њујоршката полиција, којшто ја инспирираше хит-серијата „Закон и ред: Оддел за жртви“, иронично – поради третманот на жртвите од сексуален напад.

– Досегашниот напаѓач на Евертон, Бразилецот Ричарлисон (25), потпиша денеска петгодишен договор со Тотенхем, објави премиерлигашот од северен Лондон.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close