МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 јули 2022

1 јули 2022

 – Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во добиениот француски предлог за тргање на бугарското вето за ЕУ се инкорпорирани нашите забелешки и оти претставува солидна основа за градење став.

–  Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси, упати Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

– Во Владата во тек е средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија.

– Претседателите на партиите коишто се дел од владината коалиција денеска пред средбата во Владата изјавија дека очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да ги информира за франскиот предлог со којшто би се тргнало ветото за влез на земјата во ЕУ.

– Претставници од органите и телата на гранските синдикати членки на Сојуз на синдикатите на Македонија денеска од пред Собранието побараа од пратениците членови на Комисијата за финансирање и буџет да го поддржат амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите.

– На Комисијата за финансирање и буџет денеска беа прифатени осум амандмани поднесени од пратеници од пратеничката група на СДСМ за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

 – Со показна вежба, во која беа вклучени сите реализирани вежбовни активности во изминатите две недели, денеска на армискиот полигон Криволак свечено е затворен меѓународниот академски и одбранбено – безбедносен проект „Летен кампус 2022“.

– Првичните резултати од двата екстерни испита од годинашната државна матура се пратени до училиштата, а денеска напладне ги објави и Државниот испитен центар (ДИЦ) и секој кандидат може  да ги види своите, електронски со најава на http://rezultati.dic.edu.mk.

 Во Црна Гора од денеска стапува во сила одлуката со која се ограничува максималниот износ на маржи во продавниците на големо на пет осто, за пченично брашно – тип 400 и 500, шеќер, масло, сол, додека за малите продавници ќе биде седум отсто.

– Амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова преку Фејсбук профилот на амбасадата најави дека ќе им предложи на руските власти да ја затворат нејзината амбасада во таа земја, јавува дописникот на МИА од Софија.

– Турското регулаторно тело за електронски медиуми денеска го забрани пристапот до веб-страниците на американскиот државен медиум Гласот на Америка (ВоА) и германскиот државен медиум Дојче веле (ДВ) на турски јазик.

– Координаторот на парламентарна група на албанските владејачки социјалисти, Таулант Бала, до Собранието поднесе предлог-резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница, јави дописничката на МИА од Тирана.

 – Градот Барселона од денеска ја спроведува новата одлука за забрана за пушење на плажите во ова туристичко место.

 Знамето на Европската Унија симболично беше поставено во пленарната сала на украинскиот Парламент, а претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен одржа говор преку видео линк во чест на кандидатскиот статус за влез во ЕУ за Украина.

– Највисоките температури во историјата на мониторингот во Јапонија се забележани на истокот на земјата во текот на неделата, поради што властите бараат од граѓаните да ја ограничат потрошувачката на енергија, која се троши во големи количини поради клима уредите.

 – Јаир Лапид стана привремен премиер на Израел, откако Парламентот вчера гласаше да се самораспушти, активирајќи ги петтите избори во земјата за нешто повеќе од три години.

– Македонскиот првак во футсал Шкупи ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампиони од главната фаза и како домаќин ќе ги дочека квалификациите закажани за во октомври, објави синоќа УЕФА.

 Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Анџело ди Ливио најави денеска дека напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, најдоцна за една недела би можел да потпише договор со калчолигашот Рома, јавија денеска италијанските медиуми.

Back to top button
Close
Close