МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 јуни 2022

30 јуни 2022

– До Владата преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови, соопшти денеска владината Прес-служба.

 – На денешната 77. седница, со единствена точка на дневен ред Интерпелација за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери поднесена од опозицијата, поднесувачите го обвинија првиот парламентарец за нестручно, несовесно водење на законодавниот дом, проследено со бројни преседани, со кршење на Уставот и Деловникот. Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери не ја разбрал пораката на интерпелацијата, а владејачкото мнозинство живее во паралелен свет.

 Билатералните односи меѓу двете држави, актуелните случувања и безбедносните предизвици поврзани со руската инвазија на Украина, биле во фокусот на разговорот на претседателот на државата Стево Пендаровски на кратката средба со британскиот премиер Борис Џонсон, во Мадрид на НАТО Самитот.

– Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Шутка” во Скопје поради здравствени причини заминува во куќен притвор.

– Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска имаше средба со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на која се зборуваше за потребата од унапредување на социјалната и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и заштита на нивните работнички права.

– Претседателот на Франција Емануел Макрон на прес-конференција во Мадрид, на Самитот на НАТО изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел. – Министерството за образование и наука објави Повик за доставување барања од училишта, општини и од Градот Скопје за финансирање проекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта. Избраните проекти со кои ќе се подобрат инфраструктурните услови во училиштата ќе бидат дел од Програмата за капитални инвестиции на МОН за 2023 година.

– Триесетина ученици од кумановските основни училишта учествуваа на 12 по ред детски ликовен камп „АСНОМ 2022“ кој годинава се одржа во комплексот „Грација“ во Куманово. Организаторите, општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт денеска им доделија благодарници на учениците.

– Косовскиот премиер Албин Курти вели дека за визна либерализација за граѓаните на Косово и за зачленување на државата во НАТО никогаш не дал ветување, затоа што, како што рече, тоа не зависи од институциите кои тој ги води, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Албанскиот претседател Илир Мета денеска ја прими делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, при што ја истакна важноста од што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Европската унија, јави дописнилката на МИА од Тирана.

– Шведска и Финска во вторник ќе потпишат протокол за пристапување во НАТО, изјави денеска во Мадрид генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

 Хонгконг ги надмина своите предизвици и стана од пепелот, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг при посетата на градот.

– Општина Битола, сопственик на ФК Пелистер воспостави соработка со фудбалскиот клуб Бенфика од Португалија.

 

Back to top button
Close
Close