МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 јуни 2022

30 јуни 2022

– Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на НАТО-самитот во Мадрид имаше кратка средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамките на НАТО-самитот оствари средба со претседателот на Владата на Словенија, Роберт Голоб, при што изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план.

 – Во рамките на НАТО-самитот во Мадрид, претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на третата работна сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет.

– Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата, соопштија денеска од владината прес-служба.

– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција изјави дека заедно со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ ќе се изврши реконструкција на дел од левата страна од минор коритото на реката Вардар.

– Со акциите во затворите во Идризово и во Штип покажуваме уште еднаш дека имаме сериозен пристап во подобрување на состојбите во ваквите установи и веќе има одредени поместувања и во однос на затворскиот менаџмент. Сето тоа е еден сет на мерки коишто придонесуваат во однос на корекција на девијантните појави во затворскитеустанови, истакна министерот за правда Никола Тупанчески. 

– Мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат  притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на град Скопје за теренските активности за справување со евентуални топлински бранови.

– Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараше за реформските процеси и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.

– Инвестирањето во локалните социјални услуги со цел подобрување на квалитетот на живот, беше темата на денешната тркалезна маса тема организирана преку проектот „Поддршка на модернизација и  деинституционализација на социјалните услуги“ финансиран од ЕУ, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на ЕУ.

– Стопанската комора на Северна Македонија од утре до крајот на август ќе испраќа свои тимови на граничниот премин Табановце за да утврди како течат постапките при увоз и извоз на стоки и дали се точни пријавите од компаниите дека нивни камиони таму се задржуваат и чекаат по три до четири дена.

– Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, во Албанија и ова лето ќе бидат отворени 29 здравствени амбуланти, кои ќе даваат 24- часовна услуга.

– Пред зградата на црногорската влада денеска се одржа протест против потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ), од кој социјалдемократите побараа од Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП), која е дел од актуелната влада, да покрене процедура за смена на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.

– Првиот товарен брод го напушти украинското пристаниште Бердјанск, окупирано од Русија, изјави денеска локален официјален претставник откако Русија соопшти дека пристаништето е деминирано и дека е подготвено да продолжи со испораката на жито.

 – Издадена е наредба Русија да обезбеди да нема смртна казна за двајцата Британци, заробени по борбата во Украина, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

 Убиен е мексиканскиот новинар Антонио де ла Круз, а во нападот тешко повредена е неговата 23-годишна ќерка, соопштија властите.

– Израелскиот парламент – Кнесетот беше распуштен по гласањето синоќа, неколку дена подоцна од планираното, отворајќи го патот за нови избори, кои ќе се одржат на 1 ноември.

 Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти се наоѓаат во Сарагоса каде утре ќе одиграа натпревар со Шпанија.

– Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР.

 

Back to top button
Close
Close