МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 јуни 2022

29 јуни 2022

Државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи вториот јавен состанок за 2022 година.

– Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентира на Извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2022 година.

– Наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина (EYC) за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија.

– Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец, јави дописникот на МИА од Софија.

– Белгиската полиција извршила рација во лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази), откриена во воздухопловната база Клајн Брогел.

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот пред Обединетите нации ја обвини Русија дека е „терористичка држава“, а таа одговори дека тој го искористил своето обраќање до Советот за безбедност за „далечинска ПР кампања“ во обид да добие уште западно оружје.

– Литванскиот претседател Гитанас Науседа повторно повика на акција на источното крило на НАТО додека лидерите на алијансата се собираат на средба во Мадрид, јави ДПА.

– Филипинскиот информативен портал Реплер (Rappler), чиј коосновач е минатогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир Марија Реса, добил наредба да се затвори. Но, Реса вели дека тие ќе продолжат да работат.
 – Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа договорот што ќе им овозможи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО и помогна да се постигне договор зад кулисите на преговорите на нордиските земји со Турција, изјави висок американски претставник.

 – Во амфитеатарот во Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево вечер ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“. Концертот е во чест на животот и делото на Тоше и млади таленти ќе интерпретираат негови песни.

 Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ ги одбра дванаесетмината патници за гостувањето во Сарагоса против Шпанија.

– Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Back to top button
Close
Close