МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 јуни 2022

28 јуни 2022

– Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ на МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје.

– Првиот министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска го свика вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорите 8 и 10 Д. На состанокот е одлучено да и се предложи на Владата формирање на екипите за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект во земјава, што ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка.

 Во сечиј интерес е преговорите да почнат сега. ЕУ останува со Северна Македонија, ние сме најголем донатор во земјата и ги поддржуваме реформите во разни области, а вложуваме и во инфраструктурата, работни места и деловни субјекти, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир, на првата сесија на 19-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ, кој се одржува денеска во Собранието на Република Северна Македонија.

 Од МВР за МИА потврдија дека денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународната автобуска станица – Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.

– На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана  му се заканува казна доживотен затвор.

– Фондација Метаморфозис денеска го презентираше Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија.

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го прими амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, со кого разговараше за билатералните односи, евроинтеграциите на Србија, дијалогот на Белград и Приштина, Отворен Балкан и осудата на руската агресија на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија.

 – Германскиот канцелар Олаф Шолц, домаќинот на самитот на Г7, и францускиот претседател Емануел Макрон, денеска, по завршувањето на дводневната средба на врвот на седумтте најразвиени економии во светот во германското алпско градче Елмау, изјавија дека руските планови во Украина ќе пропаднат.

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе ја прекине офанзивата во Украина кога украинските власти и армијата ќе капитулираат.

– Четириесет и девет затвореници загинаа за време на ноќните немири во затворот во југозападниот колумбиски град Тулуа, изјави денеска претседателот на националната затворска агенција Тито Кастеланос.

– Компанијата „Мерцедес-Бенз“ е сериозна во планот да ја намали понудата компактни автомобили и се сосредоточува на поголемите и поскапи модели.

 – Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот свој настап на Медитеранските игри во Оран.

 Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ги понуди своите услуги на Интер. Според „La Repubblica“, Португалецот преку своите застапници ги понудил своите услуги не само на Рома, туку и на Интер.

Back to top button
Close
Close