МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2022

24 јуни 2022

– Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Комисијата за следење на имплементацијата на препораката на Владата за јазично покривање на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини на територијата на Северна Македонија.

– Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ денеска беше домаќин на вторите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во државата. Како што изјави претседателот на Нефрон Душко Ѓеоргиев, средбите имаат едукативен, стручен и има забавен дел.

– Во последните 24 часа беа регистрирани нови 108 случаи на КОВИД-19, од направени 723 тестови, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 88 пациенти, а не се пријавени починати лица.
– Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама, ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Република Северна Македонија“. Во објава на Твитер, премиерот Рама наведува дека повторно имал телефонски разговор со лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов, на кого му се заблагодарил за неговата улога во укинувањето на ветото.
– Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во затвореното одделение, се нехумани и деградирачки. Недостиг на пристап до вода, корупцијата се уште активна во сите затвори со посредство на службените лица, проблеми со сместувањето на женските лица во казнено поправните домови, многу психијатриски дијагнози со недостиг на детски психијатари. Ова се главните точки од Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам  за 2021 година, што на денешната прес-конференција ги презентира народниот правобранител, Насер Зибери.
– Прашањето за македонскиот јазик и историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и секвенционирањето на чекорите за вклучување на Бугарите во Уставот и почетокот на преговорите, се прашањата од кои ќе зависи конечната нашата одлука да се прифати или одбие предлогот на францускиот претседателство, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– „Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, напиша премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков на Фејсбук.
 Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо најави дека ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку раководството на премиерлигашот не донесе сериозни засилувања во летниот преоден рок, јавија денеска британските медиуми.

 

Back to top button
Close
Close