МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2022

24 јуни 2022

– Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата „Социјални предизвици“, организирана од Амбасадата на Република Франција, Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ.

– Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

– Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор.

– „Промената продолжува“ (ПП), ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ) денеска побараа Народното собрание на Бугарија да го поддржи францускиот предлог за Република Северна Македонија. „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ предупредија да не се брза.

 Резултатите од Балканскиот барометар и Секјуриметар покажуваат дека 76 отсто од граѓаните на Западен Балкан ја поддржуваат соработката во регионот, а дека поддршката за европската интеграција опаѓа во споредба со претходните години – сега таа е 60 отсто.

– Експлозивна направа е фрлена синоќа околу 23 часот врз објектот на дистрибутерот на електрична енергија, „Електрокосмет“ во Северна Митровица, при што е предизвикана само материјална штета и нема повредени лица, јави агенцијата КосоваПрес.

 – Светот се соочува со „катастрофа“ поради сè поголемиот недостиг од храна, нагласи денеска преку видео линк генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на состанокот на Г7, економски најразвиените земји, во Берлин.

– Германското Министерство за економија ја разгледува можноста за експропријација на дел од гасоводот „Северен тек 2“ во мнозинска сопственост на Русија за потребите на транспортот на гас од терминалот во Балтичкото Море, пренесе денеска магазинот „Дер Шигел“ (Der Spiegel).

– Екипата составена од припадници на македонските вооружени сили и Министерството за одбрана го освои петтото место на традиционалниот, 13. по ред, „CISM Футсал куп за мир“ што оваа седмица се одржа во Нови Сад.

 

Back to top button
Close
Close