МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 септември 2021

17 септември 2021

– Во Програмата за економски реформи 2022-2024 ќе бидат вградени мерки насочени кон зелената и дигитална транзиција, подобрувањето на деловното опкружување и намалувањето на неформалната економија.

– Во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија денеска се конституираше Советот за унапредување на високото образование. Со тоа Комората продолжува да ги реализира зацртаните активности за компаниите во рамките на Вториот столб за развој, иновации и знаење кој таргетира развој на постојните и воведување на нови услуги од интерес за сите компании (не само за членките на Комората) во нашата држава.

 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани, информираат од Министерството за здравство.
– Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод – ДЗИС ќе ги посетуваат фирмите-членки на комората, е заклучено на денешната средба на директорот на заводот Горан Герасимовски со извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија – СКСЗМ, Дрилон Исени.
– Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат  големи потешкотии да ја реализираат наставата  во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести.

Пленумот од МОН бара и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава.

 Министерот за правда Бојан Маричиќ на завршна конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на Планот за борба против корупцијата“, ја истакна поддршката што Министерството за правда ја дава во спроведувањето на проектите и активностите од Акција 21 за европски стандарди дома, преку реализација на предвидената законодавна агенда и спроведувајќи ги реформите.

– Со учество на претседателите на Франција и на Кипар, премиерите на Шпанија, Хрватска, Словенија, Италија, Малта, министерот за надворешни работи на Португалија и домаќинот Грција, како и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска во Атина ќе се одржи самит на групата ЕУМЕД-9, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека не може да потврди дали жените и младите се изложени на поголем ризик од ретко згрутчување на крвта со ниски тромбоцити по вакцинирањето со вакцината на Астра Зенека против Ковид-19.

– Големите доцнења во полнењето со гас на подземните складишта во Европа и зголемената побарувачка доведоа до рекордна цена на ова гориво во Европа, а тие рекорди може да се соборат во блиска иднина, изјави денеска претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер.

– Министерството за образование во новата талибанска влада во Авганистан денеска соопшти дека наставата за сите ученици од шесто до 12-то одделение, како и за машките наставници, ќе продолжи утре.

– Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека следната недела ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, иако не бил вакциниран.

 Во недела на 19 септември ќе се одржи осмиот по ред Велешки пливачки маратон. Стартот е во 10 часот пред ресторанот „Бела Вода“, а годинава ќе има четири пливачки трки во машка и женска конкуренција. Првата е на 2500 метри за рекреативци и 2500 метри за членови на пливачките клубови од земјава до 14 години. Како новина е пливачката трка за членови на пливачки клубови до 11 години кои ќе се натпреваруваат на 800 метри. Маратонот е со должина пет километри.

 

Back to top button
Close
Close