20 мај 2022

– Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Поранешните министри за финансии, вчера во Министерството за финансии се состанаа со министерот за финансии Фaтмир Бесими во рамки на Скопје Економскиот Финансиски Форум. Цел на средбата, како што инфомираат од Министерството за финансии, е да се искористи нивното искуство и знаење при конципирање на програмските цели на СЕФФ.

– Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими делегација на заедницата на Власите во нашата држава.

– Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата на денешната седница ќе го разгледа ребалансот на Буџетот, но ќе расправа и околу потребата од евентуално продолжување на кризната состојба.

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19 и 87 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.

– Србија се усогласи со санкциите воведени од Европската унија кон Белорусија во април годинава поради „ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина“, пишува порталот European Western Balkans (ЕВБ).

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека утре ќе има телефонски разговор со Финска за членството на земјата во НАТО.

– Светската здравствена организација (СЗО) за денеска свика итна средба на своите врни експерти заради зголемувањето на бројот на заболени од мајмуни сипаници, пренесува британскиот весник „Индипендент“.

– Агенцијата за здравство на Велика Британија (УКХСА) идентификуваше 11 нови случаи на зараза со мајмунски сипаници, соопшти министерот за здравство Саџид Џавид. Претходно агенцијата пријави девет случаи од 7 мај.

– Член на тимот на американскиот претседател Џо Бајден е уапсен денеска во Сеул, откако беше обвинет дека нападнал јужнокорејски државјанин во пијана состојба, еден ден пред посетата на Бајден, соопшти полицијата.

– Властите во Демократска Република Конго објавија дека во последните седум дена се запленети 1.500 килограми слонова коска, што претставува 80 до 100 убиени слонови.

– Португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте е новото засилување на РК Вардар 1961. Како што информираат од клубот, тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

– Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.

 

Back to top button
Close
Close