20 мај 2022 

Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ“ Никола Груевски (во бегство), го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, додека обвинетиот поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, е осуден на три години затвор. Ексградоначалникот на општина Гази Баба, исто така прогласен за виновен и осуден на четири години. Иста казна затвор од четири години и беше изречена и на обвинетата Елизабета Најдовска.

 Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период за учебна година 2021/2022 година во која се опфатени вкупно 32 403 корисници на ниво на држава.

 Министерството за образование и наука соопшти дека ја интензивира соработката со Агенцијата за примена на јазик на РС Македонија.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Торино учествуваше на 132-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, на која се изврши и примопредавање на претседателството со Комитетот од Италија на Ирска за следниот шестмесечен период.

– Трибина на тема „Македонскиот национален идентитет и процесите на евроинтеграција“ во однос на aктуелните проблеми во врска со македонскиот национален идентитет, како и неговите оспорувањата се одржа денеска во организација на Здружението на ветарани и резервисти од одбраната и безбедноста во Домот на Армијата.

– По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“.

– Позитивни реакции во сите срспки медиуми и јавноста по одржување на литургијата на помирување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, за што сведочи и присуството на повеќе илјади верници кои беа на овој чин во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

– Се зголемува бројот на пчелари во земјава, но и на регистрирани одгледувалишта. Во 2012 година биле околу 2 000, а денес се 7 000 со 300 000 пчелни семејства, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод Светскиот ден на пчелите што беше одбележан во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево.

– Mинистрите за одбрана на Северна Македонија и на Бугарија, Славјанка Петровска и Драгомир Заков на денешната средба во Софија разговарале за безбедноста по руската инвазија на Украина, безбедноста на Западен Балкан и заедничките воени вежби.

– Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер сака да се откаже од функцијата шеф на надзорниот одбор на рускиот нафтен гигант Росњефт, соопшти компанијата.

– Руското снабдување со природен гас за Финска ќе биде прекинато од утре наутро, соопшти денеска финската државна енергетска компанија Гасум, откако нордиската земја одби да му плати на снабдувачот „Газпром“ во рубљи.

 Европската Комисија од блиску ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со здравствените власти во ЕУ околу појавата на мајмунски сипаници на европскиот континент, јави дописничката на МИА од Брисел.

 Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, ќе се соочи со Реал Мадрид во финалето на завршниот турнир во Белград.

– Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

 

 

 

Back to top button
Close
Close