18 мај 2022 

– Економскиот институт – Скопје денеска свечено одбележа 70 години постоење. Тој е основан во 1952 како самостојна научно-истражувачка институција при Стопанскиот совет на Владата на НР Македонија. Во изминатите седум децении Институтот има над 500 меѓународни и домашни реализирани истражувачки проекти, повеќе од 180 публикации, а 24 години го објавува научното списание „Економски развој“ со меѓународен уредувачки одбор, индексирано во повеќе бази на научни списанија.

– Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто.

– Делегација на Уставниот суд на Бугарија, предводена од претседателката Павлина Панова од денеска до 21 мај ќе престојува во официјална посета на земјава.

– „Mакедонија 2025“ постави стандард на кој начин дијаспората соработува со својата држава и е видливо тоа што го прави оваа организација со пренесување на знаење, школување и обука на наши менаџери и млади претприемачи, нудење стипендии за талентирани ученици и студенти, порача премиерот Димитар Ковачевски на Регионалниот самит во организација „Македонија 2025“ што денеска и утре се одржува во Скопје.

– Премиерите на Северна Македонија и на Србија Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ денеска најавија модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10. Ковачевски истакна дека мора да се инвестира во железничката инфраструктура на Коридорот 10 заради зголемување на капацитетот и зголемување на брзините на транспорт, додека Брнабиќ потенцира дека еден од следните приоритети на српската Влада е брза железница од Белград до границата со Северна Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до претседателот на Украина, Володомир Зеленски во кое изразува поддршка за украинскиот народ и упатува честитки до претседателот Зеленски за поднесената кандидатура за членство во Европската Унија.

– Во рамки на вториот ден од студиската посета на германскиот Бундестаг, делегацијата од Собранието предводена од собранискиот спикер Талат Џафери, оствари средба со членови на Комисијата за прашања од Европската Унија на Бундестагот и нејзиниот претседател Антон Хофрајтер.

– Над 200 милиони евра поволни средства од ЕБОР се обезбедени за реализација на регионален проект за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје – Блаце, соопшти Министерството за финансии (МФ).

– „Во чест на виното, низ времето” е насловот на изложбата на фотографии што денеска беше отворена во дворот на Вински музеј Кавадарци. Настанот беше по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.

 Во овој момент не постои документ што е заеднички прифатлив за двете страни и кој може да претставува  основа за решение. Нема да има никави отстапки, со оглед на тоа дека разговорите и решението мора да се заснова на европски вредности, на меѓусебно почитување помеѓу политичарите, институциите и граѓаните од двете држави и задржување низ разговорите на достоинството на граѓаните на двете држави, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање на какви отстапкi е подготвен за да се реши прашањето со Бугарија и дали планира средба со багарскиот премиер Кирил Петков.

– Од утрово во објектите во Белград пристигна нови дојави за бомби, а овој пат дојавите стигнаа и на адреси на неколку болници во Белград. Како што соопштија српските медиуми, пријавите пристигнале во Градската болница Звездара и КБЦ Земун.

 Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев, а проруски сепаратисти најавуваат дека судот ќе одлучува за судбината на украински бранители од челичарницата Азовстал, јави Би-би-си.
– Руското Министерство за навдворешни работи денеска соопшти дека протерува 34 вработени во француските дипломатски претставништва.
– Бараж натпреварот меѓу Тиквеш и Воска во кој победникот ќе обезбеди место следната сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, в недела со почеток од 17 часот, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
– Пет навивачи на Ајнтрахт Франкфурт се упасени доцна вчеравечер во Севиља, откако околу 200 германски навивачи нападнале приврзаници на Глазгов Ренџерс пред вечерашното финале во Лига Европа.
– Времето претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

 

Back to top button
Close
Close