МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 мај 2022

18 мај 2022

– Претседателот Стево Пендаровски денеска прими студенти од Дипломатската академија од Виена, придружувани од директорот на Академијата, амбасадорот Емил Брикс, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

– Во Скопје почна Самитот што го организира „Македонија 2025“ на кој присуствуваат креатори на политики, лидери на компании, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации, академската и граѓанската заедница.

 Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

– Европскиот парламент денеска ќе расправа за Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук за напредокот на земјава, во кој ЕУ се повикува да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и на Западен Балкан поради рускиот напад врз Украина.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, преку отворено писмо, ги повикува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски, пратениците од неговата партија и коалицијата, да го овозможат доносувањето на деветте закони кои се во собраниска процедура и од кои, како што посочува, директно и индиректно зависат 20 000 семејства.

– Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера преку своите подрачни одделенија за заштита и спасување во Кичево, Македонски Брод, Крушево, Свети Николе, Кратово и Пробиштип успешно ја заврши организираната кампања за подигнување на свеста за намалување на заканите од шумски пожари под мотото „Да се научиме како да ги заштитиме шумите од пожари“ во склоп на месецот на превенција од пожари, оценија од ДЗС.

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) преку соопштение го осудува повикувањето на новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите.

– Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите.

 Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.

 На состанокот на владејачката коалиција во Бугарија денеска беше соопштено дека ќе се воведе нула проценти ДДВ за лебот за да се гарантира неговата сегашна цена, а пензиите ќе бидат зголемени за близу 20%. Како што јави дописникот на МИА од Софија, планирани се повисоки даночни олеснувања за семејствата со деца и попусти на гориво, вклучително и бензин и дизел – ова се само дел од антикризниот пакет што го усвои коалицискиот совет. Мерките се насочени кон поддршка на бугарските граѓани и бизниси во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.

 Алармантни нови рекорди за нивото на морето, температурата на океанот и концентрации на штетни гасови во атмосферата се поставени во 2021 година, тврдат експерти, јави ДПА.

 Сметката за несогласувањата околу трговските аранжмани по Брегзит, може да ја платат компаниите и домаќинствата, па се отвора прашањето, ќе се осмелат ли Европската Унија и Велика Британија да се впуштат во трговска војна, пишуваат британски медиуми.

 Групацијата „Хјундаи“ најави инвестиции од 16,5 милијарди долари во производство на електрични возила.

 Иранските власти запленија странски брод, што се обидел да шверцува гориво од земјата. Неговиот екипаж е приведен, информираше денеска државната новинска агенција ИРНА.

 Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во јуни ги очекува двата завршни натпревари во евроквалификациите, по кои може да добие нов селектор и Драган Канатларовски да биде заменет со Александар Васоски, кој тоа го најави во интервју за босанските медиуми.

 

Back to top button
Close
Close