МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 мај 2022

18 мај 2022

– Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“.

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на доделувањето договори од Јавниот повик за набавка на системи за наводнување капка по капка и конструкција на бунари од Програмата за рурален развој.

– Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

– Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи координативна седница, на која ќе биде разгледана одлуката на Српската православна црква, која завчера прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, што подразбира најширока можна автономија, но не и автокефалност.

– Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска одбележува 70 години од своето постоење. На пригодната свеченост по повод јубилејот, Институтот ќе потпише ЕДУ партнерски договор со Даталаб МК, фирма за поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација.

– Зголемување на платите за 15 проценти од септември и да не се кратат платите за периодот додека траеше штрајкот, е епилогот од преговорите што Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги водеа во изминатите 20-тина дена со посредство на медијатор.

– Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители денеска во редовното работно време од 10 до 18 часот.

– Најголеми шанси да биде нов премиер на Србија има актуелниот министер за финансии Синиша Мали, а во игра се уште три имиња од Српската напредна партија (СНС), пренесе Бета.

– На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

– Во атинска населба, вчера бил уапсен странски државјанин, кој се барал со европска потерница од романските власти, а според грчките медиуми, станува збор за поранешниот градоначалник на Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина.

 Европската комисија денеска треба да ги открие долго најавуваните предлози како ЕУ да ја надмине зависноста од увозот на руски фосилни горива, особено природниот гас

 Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите дваесет години, истакна официјален претставник на Пентагон пред американските пратеници, но, не потврди за живот надвор од Земјата.

– Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена денеска во списанието „Лансет“.

– Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претпладне. Во јужните делови претпладне врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој повремено ќе достигне брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Back to top button
Close
Close