МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 септември 2021

17 септември 2021

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека треба да се почека да заврши експертизата и потоа да се донесе одлука за депонираните морални оставки по пожарот од 8 септември во тетовската модуларна болница, каде животот го загубија 14 лица.

– Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната средба со постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан разговараше за нивната досегашната соработка, при што потенцираше дека поддршката што МТСП со години наназад ја добива од УНДП е многу значајна, особено во време на пандемијата од Ковид 19.

– Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски смета дека доколку сите субјекти во земјава, без ралика на политичка, идеолошка или етничка припадност, во периодот на распадот на поранешна Југославија не сакаа самостојна и независна Македонија тоа немаше да се случи.

– Процентот на новозаразени во училиштата вчера бил 0,01, како и во двата дена претходно, а од 1 септември досега вкупните случаи не надминувааат 0,2 отсто. Според министерката Мила Царовска, тоа укажува на стабилност со вирусот во училиштата, но доколку Комисијата за заразни болести предложи промена на моделот, МОН ќе го примени.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Градскиот парк одржа зелен состанок со јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада, при што биле разгледани можностите за заеднички проекти со Јапонија во областа на зачувување на животната средина, а во рамки на јапонската Иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан.

– Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со КОВИД во државава.

– Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на министерскиот состанок организиран од Министерството за финансии. На состанокот се дискутираше за предложените реформски мерки во новата Програма за економски реформи (ПЕР) 2022-2024 година.

– За време на 46 -то Национално собрание „Демократска Бугарија“ установи дека се согласува со двајцата поранешни министри за економија и финансии во претходната техничка влада,  Кирил Петков и Асен Василев, за Нова  коментираше копретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов.

– Половина од новите барања за азил поднесени во Белгија во последниот месец доаѓаат од авганистански бегалци, откако талибанците ја презедоа контролата врз нивната земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Во холанскиот град Алмело денеска е изведен вооружен напад, во кој две лица загинаа, а едно е повредено. Осомничениот е уапсен, откако претходно бил ранет, јавија локалните медиуми.

– Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека следната недела ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, иако не бил вакциниран.

 Полицијата уапси 12 лица по судирите меѓу навивачите пред и по натпреварот од Лига Европа помеѓу Лестер и Наполи (2:2), пренесува „Фудбал Италија“.

– Времето во земјава ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км /час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Back to top button
Close
Close