МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 јануари 2022

28 јануари 2022

– Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.

– Министерството за надворешни работи (МНР) демантира дека немало претставник од Република Северна Македонија на погребот на пејачот Аки Рахимовски, што се одржа вчера во Загреб.

– Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска се одложи поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера е позитивен на КОВИД-19.

– Сојузот на синдикати на Македонија го формираше главниот штрајкувачки одбор, а од исходот на средбата во понеделник во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.

– На два месеци пред редовните претседателски, вонредните парламентарни и изборите за град Белград, на 3 април, политичкиот живот во Србија е посветен околу договорите за кандидадските изборни листи и изборните колации за овие избори, јави дописникот на МИА од Белград.

– Црногорскиот претседател и лидер на опозициската ДПС, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека се поизвесно е актуелната влада на Здравко Кривокапиќ на 4 февруари да стане минато.

– Парламентарните избори во Португалија в недела се неизвесни. Владејачките социјалисти се сериозно загрозени од социјалдемократите (ПСД), партијата на десниот центар и моментално водечката опозиција, покажаа денеска објавените анкети.

– Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека смета дека војната во Европа е можна, но само доколку Белорусија или Русија бидат подложени на воена агресија, јави ДПА.

– Новиот воен лидер на Буркина Фасо им вети на граѓаните дека ситуацијата ќе се врати во нормална уставна рамка „кога ќе има соодветни услови“.

– Под мото „Ја менуваме сликата на стадионите“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип.

 

Back to top button
Close
Close