МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јануари 2022

22 јануари 2022

– Претседателот Стево Пендаровски, по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија, денеска ги прими претставниците на организацискиот одбор за одбележување на празникот Свети Сава и нивните гости: Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија, Жељка Цвијановиќ, претседател на Република Српска, академик д-р Славенко Терзиќ, како и амбасадорите на Република Србија и Босна и Херцеговина во нашата држава, Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ.

– Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и претставниците на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и на „Иницијативата O2“ на денешната средба разговарале за фазата на реализација на иницијативата за предлог законот за заштита на Водно.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ќе побара да се формира посебен Фонд за животна средина во кој ќе се слеваат парите од еколошките такси што ги плаќаат фирмите од приватниот сектор и од биоразградливите кеси за носење стоки што ги плаќаат граѓаните.

– Дури 62,7 отсто од учениците сметаат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а во висок процент е присутно и психичкото и сајбер насилството. Седумдесет отсто од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини.

– Преку 11 милиони евра инвестираме во модернизација на навигацискиот систем во М-НАВ, се со цел да овозможиме поефикасно работење на Конторлата на летање и за поефикасен авиосообраќај во земјата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешната посета на М-НАВ.

– По неколкумесечно отсуство од собраниската сала, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, денеска од собраниското столче упати тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

 Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Русија најверојатно ќе остане на дипломатски пат со Киев и Западот најмалку во следните две недели, но ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира неговата земја.

– Неопходно е да се зачува споменот на жртвите на холокаустот и да се спречи тоа да се повтори, како и да се спречи насилството никогаш повторно да не се користи како политички инструмент, изјави денеска австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

– Хунтата која ја собори владата на Буркина Фасо ги предупреди поранешните министри да не го напуштаат главниот град и да не ги попречуваат воените офицери за време на разговорите за враќање на демократскиот поредок, изјави денеска еден од политичарите.

 Агенцијата за млади и спорт го призна електронскиот спорт (Еспорт) за официјален спорт во државата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски, денеска, му врачи „Решение за дејност спорт“ на претседателот на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) и генерален секретар на Меѓународната Еспорт федерација, Бобан Тотовски, информираа од МЕСФ.

 Американецот Морис Кари ќе треба да ја пополни празнината во ростерот по заминувањето на Дастин Вер во пресрет на вториот дел од сезоната во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата.

Back to top button
Close
Close