МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јануари 2022

27 јануари 2022

– Министерството за труд и социјална политика во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место, чија цел е  работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

– Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград.

– По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кој го одбележува и ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау од страна на Црвенатаармија, Одделот за едукација и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДКНА), денеска организира комеморативна академија.

– Со свечена Светосавска академија во просториите на Македонскиот народен театар, српската заедница во земјава вечер по 15-ти пат ќе го одбележи националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствува на отворање на  специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството „Агро Белград 2022“.

– Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Така одлучи вчера Владата врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, истовремено повикувајќи на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

– Се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот, кој во изминатите денови изнесува над 2000. Истовремено, со одлука на Владата, пак, од синоќа е намален периодот на изолација или карантин поради КОВИД-19 за асимптоматските случаи и з алицата кои биле во контакт со заразен.

– Онлајн настава за учениците, работа од дома за вработените во јавниот сектор, силна препорака истото да важи и за приватниот сектор, се дел од одлуките на грчката Влада за областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради проблемите со снегот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во Германија за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја.

– Војник на украинската национална гарда денеска, од засега непознати причини, пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при што уби пет лица, а рани уште петмина, соопшти денеска украинската полиција.

– Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1 февруари, соопшти Министерството за здравство.

– Лос Анџелес ќе го забрани дупчењето за нафта во градот, т.е. во населените места. Советниците на Градот вчера ја изгласаа забраната на изградба на нови бунари и престанок на работа за постоечките.

– Шестмина млади луѓе ќе го тужат операторот на јапонската нуклеарна централа Фукушима поради тоа што развиле рак на тироидната жлезда поради изложеност на радијација по распаѓањето на објектот.

 – Голманот на Данска, Кевин Молер, по синоќешниот пораз од Франција на Европското првенство во ракомет, рече дека не е лесно да се игра против „триколорите“ ниту кога се има големо водство во текот на натпреварот.

 Ѕвездата на Бруклин нетс, Џејмс Харден, го пропушти натпреварот со Денвер нагетс одигран ноќеска во Њујорк. Гостите од Денвер предводени од Никола Јокиќ (26 поени, 10 скокови и осум асистенции) забележаа победа со 124:118.

 Тренерот на Челзи, Томас Тухел, има недоразбирања со неколку играчи, објави „Марка“.

– Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови.

– Најниска температура од минус 12 степени Целзиусови утрово е измерена во Маврови Анови и на Попова Шапка. Следат Охрид, Крушево, Дебар и Тетово со -с 8, -7 во Претор, -4 Берово, Битола, -3 Прилеп Крива Паланка, -2 Штип, Виница, -1 Куманово, Струмица, Скопје – Зајчев Рид, 0 Демир Капија, 3 Гевгелија.

Back to top button
Close
Close