МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јануари 2022

26 јануари 2022

– За потребите и предизвиците со кои се соочуваат центрите за социјална работа на ниво на држава и нивното понатамошно успешно решавање и надминување, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средна на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со директорите на центрите.
Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача клиниките за кожни болести и за неврологија кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности, соопшти Министерството за здравство.
– Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата држава Рејчел Галовеј, која на вицепремиерката ѝ го честиташе стапувањето на новата должност и ѝ посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните.
– Во Центарот за култура – Кичево денеска беа промовирани романите „Единствена моја љубена“,„Егејска солза“ и „Визијата и љубовта на Крсте Петков Мисирков“ од професорот Ванѓелко Лозаноски.
– Градинките, основните и средните училиштата во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во следните два дена ќе останат затворени, учениците ќе следат онлајн настава, додека пак вработените во јавниот сектор ќе работат од дома, јави дописничката на МИА од Атина.
– Амбасадата на Република Србија во Париз достави писмо за кандидатура за домаќин на Меѓународната специјализирана изложба во Белград – ЕКСПО 2027, потпишано од премиерката на Србија Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка поради низа настани што се случија во канцеларијата и резиденцијата во Даунинг стрит за време на „локдаунот“.
– До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на средба со претставник на италијанскиот бизнис.
– Трговската организација која ги претставува интересите на Chevron, General Electric и другите големи американски компании со бизнис во Русија, испрати барање до Белата куќа да даде можност за дополнително време тие да можат да ги исполнат своите обврски и да се исклучат некои стоки при разработката на санкциите поради дејствата на Русија против Украина. 
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој забележал 5 000 скока и 3 000 асистенции во своите први 500 натпревари во кариерата.

На денешниот натпревар против Детроит (110:105), српскиот кошаркар постигна 28 поени, 21 скок и девет асистенции.

Back to top button
Close
Close