МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јануари 2022

26 јануари 2022 

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.

– Собранието денеска на 61-та седница ги верификуваше мандатите на новите пратенички, Санела Шкриељ и Марија Кочовска. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега ја извршува функцијата министер за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е министерка за култура.

 До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

– Холокаустот не е само лекција од минатото, туку е лекција за иднината. Ужасот на Втората светска војна никогаш не треба да се заборави. Цврста и трајна е определбата на Владата неуморно и постојано да работи на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, како и на борбата против атисеминизмот и негирањето на холокаустот, говорот на омраза, лажните вести и други негативни појави со кои сите се соочуваме.

 Почитувањето на позитивните правни прописи во областа на здравството е столб на функционирањето на здравствениот систем во државата што креира оптимални услови за работа на здравствените професионалци и гарантира квалитетна здравствена заштита за пациентите. Но, доколку заради некои диспропорции во системот, тие решенија во пракса предизвикуваат спротивен ефект, тогаш креаторите на здравствените политики во договор со давателите на здравствените услуги треба ефикасно и ефективно да креираат нови применливи решенија, смета Лекарската комора.

– Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19.

– Градинките, основните и средните училиштата во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во следните два дена ќе останат затворени, учениците ќе следат онлајн настава, додека пак вработените во јавниот сектор ќе работат од дома, јави дописничката на МИА од Атина.

– Амбасадата на Република Србија во Париз достави писмо за кандидатура за домаќин на Меѓународната специјализирана изложба во Белград – ЕКСПО 2027, потпишано од премиерката на Србија Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Усвојувањето на новиот закон во Франција ја забранува таканаречената „конверзивна терапија“ и пропишува парични и затворски казни за секој што користи ненаучни методи во обид да ја промени сексуалната ориентација или родов идентитет на ЛГБТ луѓето.

 Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа може да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромски слотови.

Трговската организација која ги претставува интересите на Chevron, General Electric и другите големи американски компании со бизнис во Русија, испрати барање до Белата куќа да даде можност за дополнително време тие да можат да ги исполнат своите обврски и да се исклучат некои стоки при разработката на санкциите поради дејствата на Русија против Украина. 

–  Во текот на изминатата недела во светот се регистрирани 21 милион нови случаи на заразени со коронавирус – најголем неделен број новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој забележал 5 000 скока и 3 000 асистенции во своите први 500 натпревари во кариерата.

Back to top button
Close
Close