МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јануари 2022

24 јануари 2022

– Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи владината делегација во официјалната посета на Бугарија, попладнево со највисоки државни почести беше пречекан на плоштадот „Александар Невски“ во Софија.

 Министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Теодора Генчовска денеска на средба во Софија, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите.

Церемонија на пречек со највисоки државни почести на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на плоштадот „Александар Невски“ во Софија.

– На УКИМ-Скопје една и пол година, а на УГД-Штип четири години ниеден студент не пријавил корупција. Студентите не ја пријавуваат зашто или ја сметаат  за нормална појава или не знаат каде и како да ја пријават или зашто се плашат од одмазда и се правно несигурни и немаат доверба дека ќе бидат заштитени од системот.

– Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил информира дека поради позитивен тест на Ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.

 Бугарскиот премиер Кирил Петков за утре го свикува Советот за безбедност, кој работи како тело на владата. Средбата ќе се одржи по завршувањето на заедничката седница на владите на Бугарија и Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

 Поради брзото ширење на сојот омикрон во Словенија од денеска се скратува десетдневниот период на изолација на заразените, па тие ќе можат да се вратат на работа по седум дена, доколку добијат негативен тест.

–  Четири лица се повредени во вооружениот напад на Универзитетот Хајделберг, во југозападна Германија, во кој напаѓачот беше убиен, изјавија безбедносни извори за ДПА. Една од жртвите е во животозагрозувачка состојба, додаваат оттаму.

– Советот на ЕУ денеска соопшти дека усвоил заклучоци за европската безбедносна ситуација во кои се наведува дека европската безбедност е неделива и дека секое оспорување на европскиот безбедносен поредок влијае врз безбедноста на ЕУ и нејзините земји-членки.

– Пет лица се пронајдени мртви во куќа во Висконсин во неделата попладне, а полицијата смета дека се работи за повеќекратно убиство, соопштија локалните власти.

– Јапонската компанија „Панасоник“ ќе започне со производство на нови литиум-јонски батерии наменети за „Тесла“ веќе во 2023 година, планирајќи да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави денеска јапонскиот бизнис портал Никеи.

– Актуелниот лидер во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ), Шкупи, ќе мора да ја продолжи трката за шампионската титула без клучниот дефанзивец во своите редови Абдул Рватубаје, откако интернационалецот од Руанда поради повреда ќе го пропушти пролетниот дел од сезоната.

 

Back to top button
Close
Close