МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 јануари 2022

18 јануари 2022 

 Потребно е да се прошири полето на соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија и чекор по чекор да започнат да се решаваат отворените прашања, е заклучокот од средбата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и Кристиан Вегенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Бугарија, кој денеска е во посета на државата со бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков.

– АД ЕСМ од четврток 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Владата најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови, односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков.

– На словачкиот филозоф, есеист и литертурен критичар и професор на Универзитетот од Жилина, Далимир Хајко, денеска му беше доделена Светската награда за хуманизам за 2022 година што традиционално ја доделува Охридската академија на хуманизмот во слава на Свети Климент Охридски.

– Обичаите кои со децении се негуваат во Кичевско-бродскиот и Мавровскиот регион за верскиот празник Водици, се изучуваат и на најпознатите европски универзитети. Последните десетина години професорки од универзитетите во Будимпешта, Унгарија и Краков, Полска, присуствуваа на повеќедневните свечености поврзани со одбележувањето на овој празник.

 Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков положија цвеќе на спомениците на „Св. Кирил и Методиј“ и на „Св. Климент и Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.
– Ветеринарната комора на Република Северна Македонија денеска е домаќин на делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска. Директорот на Ветеринарната комора, д-р Томислав Николовски на прес-конференција информираше дека состанокот ќе го искористат да разменат мислења, состојби и информации што се од интерес за државата, по појавата на африканската свинска чума.
– Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е дел од хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година произведени се над 258 милиони киловат часови електрична енергија.
Германската министерка за Европа, Ана Лирман, која денеска престојува во посета на Тирана, изјави дека„ перспективата на Албанија и западен Балкан е во ЕУ“, што според неа е од стартешко значење.
– Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.
– Патниците во Шведска повеќе нема да мора да покажуваат негативен тест за Ковид-19 пред да влезат во земјата, соопшти владата.
– Ефикасноста на руската вакцина Спутник В против варијантата омикрон изнесува 75 отсто, соопшти денеска директорот на епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, Александар Гинтсбург. Тој додаде дека доколку личност се ревакцинира со Спутник Лјт, тогаш заштитата може да достигне и до 100 отсто.
 Откако минатата недела го доведе во своите редови голгетерот на Барнли, Крис Вуд, раководството на последно пласираниот тим во Премиер лигата Њукасл сега сака да го засили тимот со уште еден напаѓач во името на Дуван Запата (30) од италијанскиот прволигаш Аталанта, јавија денеска британските медиуми.

 

 

Back to top button
Close
Close