МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 јануари 2022

18 јануари 2022 

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдракхманов, со кој се согласија дека нашата земја е позитивен пример и референца за целиот регион и пошироко и оти е пример за функционална мултиетничка демократија.

–  Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија на вонредна седница  расправаше за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од  страна на Стопанската комора на Северна Македонија со која се оспоруваат измените на Законот за работни односи со кои се уредува работата во недела.

 Во Договорот за добрососедство имаме многу јасна дефиниција за јазикот и тезата за јазикот, како и во дел од другите документи кои се потпишани. Бугарија прва ја призна независноста на Северна Македонија и истовремено, со тоа, ние апсолутно го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија како и користењето на сите ваши јазици, како што се дефинирани со Уставот. Имаме полно почитување на тоа и ќе продолжиме во најконструктивен дух да ги третираме овие прашња, изјави денеска во Скопје бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи на новинарско прашања да ги именува јазикот и народот во државата во која се наоѓа.

– За околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје, најави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој нагласува дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.

– Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска договорија да се формираат работни групи кои ќе бидат од повеќе области – инфраструктура, економија, трговија, деловната соработка меѓу бизнис заедниците, образование, култура, а тука ќе биде вклучена и Комисија за историски и образовни прашања.

– Бугарија прифати да го користи скратеното име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси, за што ги известила и Обединетите нации. Северна Македонија пак со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија.

– Имаме подготвен сет рестриктивни мерки што би можеле да се употребат доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на состанокот на европратениците на Европската народна партија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја „напаѓа“ Украина.

– Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека денеска, во апсолутни бројки, бројот на новозаразени со Ковид-19 „ќе биде катастрофален“.

– Во германската покраина Заксен-Анхалт, 29 отсто од починатите, кои се на списокот на починати како последица на коронавирусот, не умреле поради тој вирус, покажува истражувањето објавено во дневниот весник „Билд“.

– Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

 Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети не е задоволен од играта на неговиот тим и покрај победата над Болоња (2:0) во 22. коло од Серија А.

 

Back to top button
Close
Close