МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 септември 2021

28 септември 2021

 Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, кој престојува во посета на Република Северна Македонија, на која било разговарано за продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, со акцент на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена.

– Членките на Платформата за родова еднаквост бараат медикаментозниот абортус освен на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови низ земјата, да се осигури регистрација на лековите за него, за да се обезбеди негова примена како на болничко ниво, така и во гинеколошките ординации на примарно здравствено ниво.

 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

 Денеска го одбележуваме 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, ден кој го симболизира враќањето на националното име Бошњак и именувањето на мајчиниот јазик на Бошњаците како босански јазик, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ профил.

– Министерот за финансии Фатмир Бесими го презентира Планот за економски раст пред претставници на компаниите членки на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ). Како што соопштија денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, клучни компоненти во Планот за економски раст се зголемени инвестиции од четири милијарди евра во наредните пет години, кој ќе поттикнат нови работни места и раст на економијата до пет отсто и обезбедување фискална консолидација, намалувањето на јавниот долг под 60 отсто од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на три отсто.

– Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 26 септември, со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55 отсто, кај лицата помеѓу 18 до 39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31 отсто, соопшти Министерството за здравство.

– Фејсбук-страната на албанскиот премиер Еди Рама денеска е блокирана, откако во Тирана пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“ вклучува Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, што утрово во Париз го потпишаа министрите за надворешни работи и за одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателот на Франција Емануел Макрон го заострува тонот наспроти проблемите со кои се соочи Франција да ги врати во овие земји на Магреб, државјаните кои се обврзани да ја напуштат територијата, јави дописникот на МИА.

– Повеќе од 500 бегалци во понеделникот пристигнаа со стар рибарски брод на италијанскиот остров Лампедуза, објави италијанската новинска агенција АНСА.

– Меѓународниот кривичен суд во Хаг нема да ги испитува наводните злосторства извршени од американската војска во Авганистан, изјави новиот главен обвинител Карим Хан.

– Високи американски сенатори повикуваат на „целосна одговорност“ во врска со спорот за фалсификувани податоци на Светска банка (СБ), во кој е вклучена Кристалина Георгиева, директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

– Во Авганистан има уште стотина американски државјани и резиденти, кои се подготвени да ја напуштат земјата, изјави неименуван претставник на Стејт департментот.

– На плоштадот Сокало во Мексико Сити вчера е одбележана 200 години од независноста на Мексико. Годишнината на „триумфалното влегување“ на војската во градот на 27 септември 1821 година се смета за настан кој ја означува независноста на Мексико.

Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон изјави дека ќе пропушти најмалку еден месец од НБА сезоната 2021/22. Точниот датум на моето враќање не е одреден, но не очекувајте да пропуштам помалку од 12 месеци, што значи дека ќе отсуствувам барем до крајот на ноември или почетокот на декември, информира Томпсон.

 Македонските екипи ТФТ и Куманово, денес стартуваат во квалификациите за кошаркарскиот Еврокупот во организација на ФИБА. ТФТ од 14:30 часот игра со Седеак, пет часа подоцна, во четвртфиналето, Куманово се среќава со Гмунден.

 

Back to top button
Close
Close