МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 септември 2021

27 септември 2021

Со изведување материјални докази од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство.

– Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски.

 Дезинформациите и лажните вести претставуваат закана за глобалниот свет и за демократијата во светот. Тоа особено стана видливо во пандемијата со Ковид-19, кога лажните вести предизвикаа и загрозување на здравјето на луѓето. Медиумската писменост бара системски напори, особено во регионот на Западен Балкан, каде отпорноста на лажни вести е послаба.

– Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

 Барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“ се одбива како неосновано. Ова е решението донесено од Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, се вели во писмениот допис од ОЈО до Судот.

– Повозрасна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за сума од 2.300 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Шеесет и седумгодишната жителка од кумановско село пријавила дека му платила пари на лице кое ѝ ветило дека ќе издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син кој се лекувал на психијатрија.

– Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ги прими амбасадорите на земјите членки на Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, кои побараа дескалација на кризата во северно Косово и Метохија,јави дописникот на МИА од Белград.

– Европскиот парламент ги презентираше кандидатите за овогодишната награда Сахаров која секоја година се доделува за слобода на мислење, јави дописничката на МИА од Брисел.

–  Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, денеска, по седницата на Главниот одбор на партијата, посочи дека ниту една партија од вчера одржаните парламентарни избори не добила јасен мандат за формирање влада.

– Официјален Кремљ денеска објави дека се надева на „континуитет“ во односите со Берлин, еден ден по изборите одржани во Германија.

– Украина денеска експресно одговори на пораката од Кремљ дека проширувањето на НАТО кон Украина ќе претставува преминување на црвената линија за Русија, наведувајќи дека самиот Киев одлучува за безбедносните прашања и дека руската црвена линија е на руската страна на границата, а не украинската.

–  Рускиот претседател Владимир Путин денеска му соопштил на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Владејачките социјалисти во Португалија претрпеа изненадувачки пораз на локалните избори во неделата, губејќи во Лисабон по 14 години, иако остануваат најголемата партија во земјата по изборите во кои беа вклучени повеќе од 300 градски совети.

– Јеменски воени и медицински извори потврдија дека 67 бунтовници и припадници на провладините сили загинаа во борбите за градот Мариб во истоимената провинција.

Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити. Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревари во Париз поради повреда на коленото.

– Од денеска доцна попладне до четврток подрачјето на земјава ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно и значително посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти УХМР. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

 

Back to top button
Close
Close