МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 септември 2021

27 септември 2021

– Стигна и третата пратка уреди за биометриска идентификација на гласачите. Во пратката има вкупно 980 апарати, а ќе се чуваат во Домот на Армијата, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

– Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

– Пред нас е комплексна задача, преку холистички пристап да изградиме системска, медиумска, но, пред се, лична отпорност кон дезинформациите. Тоа можеме да го постигнеме само преку блиска соработка на државните институции, политичките партии, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и медиумите. Процесот на едуцирање за медиумската писменост и дезинформациите во нашите основни и средни училишта ќе овозможи да создаваме генерации на ученици кои ќе можат полесно да ги препознаваат лажните вести и да ги формулираат своите ставови врз основа на релевантни и проверени информации. Ова денеска го порача претседателот Стево Пендаровски на регионалната „Конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан: Справување со дезинформациите“.

 Барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“ се одбива како неосновано. Ова е решението донесено од Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, се вели во писмениот допис од ОЈО до Судот.

олемите прашања и дилеми од раните 1990-ти кога ја стекнувавме независноста, денес, не се повеќе на дневниот ред. Најголемиот наш национален проект, создавањето на сопствена, независна држава е завршен. Членството во речиси сите за нас битни меѓународни организации, исто така, со влезот во Северно атлантската алијанса како круна на децениските напори да обезбедиме гаранција за територијалниот интегритет. Можеме да ја продолжиме нарацијата за историски губитници, поделено национално ткиво, народ историски онеправдан, ембарга и санкции, за Лисабонската декларација, за условите да станеме членки на Обединетите нации со услов каков што реално не бил поставен пред никого претходно, но, сето тоа припаѓа на архивите на историјата. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991/1991-2021 година”, кој се одрува во органзиација на МАНУ под негово покровителство. 

– По повод месецот на детското здравје, Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ  во чиј склоп е и Мајчин дом, организираше креативна работилница со дечињата од градинката „Срничка“, со цел подигање на свеста за значењето на превентивните прегледи и раното откривање на болестите на локомоторниот систем во детската возраст.

– Веднаш по стекнувањето на независноста во Македонија се постигна широк општествен консензус дека нашата иднина е во НАТО и ЕУ. За жал и покрај исполнeтите услови уште пред 13 години, заради спорот со Грција ниту станавме членка на НАТО, ниту ги отпочнаме преговорите со ЕУ. Ни беше најавено, па дури и гарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори двете врати. За жал испадна дека не е така. Станавме членка на НАТО, но заради позициите на Бугарија не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, рече во обраќањето на Научниот собир во МАНУ „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година“ по повод 30 години независност,  поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

– Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека  Буџетот е во одлична кондиција и оти ќе нема потреба од поголемо задолжување до крајот на  годинава.

– Главните преговарачи во дијалогот Белград-Приштина деновиве пристигнуваат во Брисел, потврди денес Петер Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, кој тоа синоќа го најави и подвлече дека за „безусловно отстранување на тензиите во северно Косово, специјалните полициски сили мора веднаш да се повлечат и да се отстранат барикадите на патиштата“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер оваа година вторпат ќе ги посети земјите од Западен Балкан, а утре и в среда ќе оствари средби со колегите во Албанија, Црна Гора и Косово.

– Имајте малку трпение, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на натписите во медиумите дека Грција и Франција се пред нов одбранбен договор за набавка на француски фрегати, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во југоисточна Австрија денеска се преврте автобус, при што беа повредени неколку патници.

– Карлес Пуџдемон слета на аеродромот во Брисел денеска откако беше уапсен во Италија минатата недела.

– Децата ширум светот ќе доживеат повеќе горештини, поплави и суши во животот отколку нивните баби и дедовци, се наведува во студијата на организацијата Спасете ги децата (Save The Children).

– Четворица ученици од Пенсилванија се обвинети дека планирале напад врз нивното средно училиште во пресрет на 25-годишнината од масакрот во Колумбајн, беше соопштено од канцеларијата на окружниот обвинител.

Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити. Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревари во Париз поради повреда на коленото.

 – Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес донесе одлука за одложување на неопределено време на почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22.

 

Back to top button
Close
Close